Таг: ирска

Обединета Ирска?

Северна Ирска ја започна „деценијата на можностите“ за време на која ќе одржи гласање за обединување со Ирска, порача новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О'Нил.

Наскоро на филм: двете деца од Даблин кои избегале со авион за Њујорк

Во 1985 две деца на возраст од 10 и 13 години се појавија на насловите страници на весниците низ светот откако без знаење на родителите се качиле на авион за Њујорк, по пат избегнувајќи ги сите можни контроли.

Што е тоа што има профит од 315 милијарди долари годишно и не плаќа данок? Микрософт.

Ирската филијала на Микрософт минатата година имала профит од 315 милијарди долари, меѓутоа не платила ни долар данок на корпорации затоа што по документи е „резидент“ на Бермудските острови.

Урнебесен твит на денот

Додека Европа ја тресе фудбалска револуција во која 12 најбогати клубови решија да основаат Суперлига, ирскиот малку познат клуб Бреј Вондерерс ги собра сите симпатии на интернет откако и они објавија што мислат за Суперлигата.

Ќе го откопуваат Џејмс Џојс?

Koга умрел во Швајцарија, Ирците не можеле да бидат порамнодушни. Ги интересирало само дали погребот бил католички. Сега, скоро 80 години подоцна, одеднаш им текна да бараат репатријација на неговите остатоци.

Драма во најава на ирската граница

Претстојното своеволно заминување на Британија од ЕУ најверојатно ќе значи повторно околчување на границата меѓу Ирска и Северна Ирска. Ако имате гледано барем едни вести пред 1990-та година, знаете како изгледаше тоа.

Епл ќе почне на Ирска да и ги исплаќа 13-те милијарди евра данок што го избегнуваше

Сумата е одредена во пресудата од август 2016, според која повеќе од една деценија Ирска му попуштала на Епл во наплатата на данок.

Ирското знаме забрането на парадите за Денот на Свети Патрик во Северна Ирска

Со цел намалување на тензиите неколку градови од Северна Ирска ја забранија ирската тробојка за време на парадите што ќе се организираат за Денот на Свети Патрик (17-ти мај), националниот празник на Ирска.

Како Епл крие милијарди долари данок со помош на остров од 118 километри квадратни

Откако во 2013 на ЕУ и прекипува од даночното глумење лудило на Ирска и почнува да ја гази својата членка да прекине со тинтрањето на мултинационалните корпорации, Епл се пушта во потрага по нов даночен рај. Го наоѓа во Англискиот канал веднаш карши брегот на Франција, на островот Џерси. Речиси инстантно централата на компанијата и 252 милијарди долари неоданочен приход беа преселени на островот.

ЕУ ќе ја тужи Ирска за тоа што му помага на Епл да крие данок

Заради „неуспех да ги надомести нелегалните даночни олеснувања за Епл“ Европската Комисија објави дека ќе ја даде Ирска на суд. Сумата за која се расправаат е околу 13 милијарди евра.

Како Конор Мекгрегор со крв ги заработил првите пари

За лудиот Ирец се знае речиси сè. Колку борби, колку освоени појаси, колку титули. Но малкумина знаат како ја искористил лудата храброст да се тепа за пари во паб со цел да заработи за карта на концерт.

Конор МекГрегор се повлекува?

Како гром од ведро небо, на 90 дена до реваншот со Дијаз, ирскиот шампион на Твитер објави дека се повлекува така млад. Нема потврда од тренерот и менаџерите, а причините се бараат во неколку правци.

Босанските навивачи го прекинаа едно минутното молчење

По ремито 1:1 на првиот дуел, Ирска со 2:0 ја совлада БиХ на реванш средбата од плејофот за Европското првенство и обезбеди пласман во Франција. Гостинските навивачи не ги испочитуваа до крај жртвите од терористичките напади во Париз.

Како Ирска стана толку прогресивна околу дрогата?

Од земја во која абортусот се уште е криминализиран, деновиве дојде веста за декриминализирање на дрогите и за отворање на соби за вшприцување (за хроничните зависници од хероин да не мора ова да го прават во нехигиенска околина и со валкани / користени игли).

Ирска нема да ситничари околу дрогата

Планот е Ирска е да го декриминализира поседувањето мали количества дрога, вклучувајќи хероин, кокаин и канабис, за лична употреба. Декриминализира не е еднакво на легализира.

Ирска и македонска лига е исто за судиите

За насилството врз судиите во македонскиот фудбал, прва, втора, трета лига се знае добро во чаршијата, ама ретко се пишува. Во Ирска виновникот е посочен со име и презиме кое повеќе нема да го има во клубот.

Гордиот Ирец што не ја сака британската химна

Фудбалерот на Вест Бромвич Албион, Џејмс Меклин е Ирец и како многу негови сонародници не ја почитува британската химна и знаме на кои им сврте грб.

Поништениот гол на Нани

Португалците ја истемпираа формата за Светското со петарда против Република Ирска во која Роналдо го учествуваше со погодок. Штета што помеѓу головите поради офсајд не беше признат и мајсторскиот потег на Нани на кој му претходеше акција од учебниците.

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).

Внимание, Ирци на патот

Како што низ светот има кружни трки со мотори, така Ирците организираат трки со мотори по отворени, тесни и мокри патишта. Сосема легално, сосема лудо.

„Улис" прв пат изведен на сцена во Даблин

Џојс го пишувал славниот роман од 1914-1921. додека бил вон родната Ирска. Таму долги години бил забрануван, заради наводно провокативните сцени.