Сето ова е дел од ирската национална стратегија за наркотици предложена од министерот Еиден Риердан, а изработена во соработка со Ана Лајфи Проект, една од водечките добротворни организации кои се занимаваат со проблемот со наркотици.
"Како министер, ако ти се падне ресорот за наркотици, можеш да одиш на едноставната и безбедна линија и да продолжиш со 'дрогата е лоша, кажи не, престани да земаш дрога,' или можеш да се соочиш со реалноста. Кога ќе се сретнеш со луѓето инволвирани во ова, сфаќаш дека работите се многу повеќе нијансирани отколку што изгледа," изјави министерот на почетокот од неделава, за време на презентирањето на програмата пред Лондонската школа за економија.
Токму Реирдан одигра клучна улога во легализирањето на геј браковите во Ирска, и стекнувањето еднакви права за ЛГБТ и ромската заедница во земјата. По негово искуство, нарко-корисниците моментално се подеднакво демонизирани како и овие групи.
Она што Ирска го прави со собите за зависници и не некоја новост на ниво на Европа, каде што веќе 30-на години има вакви мобилни амбуланти. Холандија има 31 ваква локација во 25-града, а Германија 24 во 15 градови. Ги има и во Швајцарија, Шпанија, Данска, Норвешка и Луксембург. Надвор од Европа има само во Вакувер и Сиднеј.
Досегашните искуства на сите анализи на овие објекти (а правени се најригорозно што може), се дека тие се неспорно добра и позитивна работа. Го намалуваат бројот на јавни нереди, криминал, отпадни шприцови и игли. Заштедуваат еден куп јавни пари, и заради немањето потреба за споделување игли го намалуваат ширењето на ХИВ и Хепатит Ц. Најважно, го намалуваат бројот на предозирања и смртни случаи.
Ирска немаше ништо од ова и покрај тоа што имаат поголем проблем со нарко-корисници отколку европските соседи. Една од главните пречки беше доминантноста на застрашувачката кампања на про-десничарските медиуми "и кукавичките политичари во земјата."
"Изгледа дека тоа што Ирска го менува ваквото средновековно гледање на работите е сведоштво за две работи: грас-рут активизам и храбри политичари," пишува Макс Далиј во Вајс.
За првото сведочи Ана Куглиј, која во 1995-та основа национална мрежа на активисти за помош на корисници на дрога. Во тоа време решението се сведува на заострување на законот и построги казни, или па улично насилство против дилерите. Таа објаснува дека од тогаш луѓето почнале да разбираат дека казните не го решаваат проблемот, и дека нивното процесирање преку судскиот систем не помага во нивно реинтегрирање во општеството.
"Ова е многу повеќе работа на заедницата, отколку на државата. За луѓето кои директно ги чувствуваат последиците од нарко-зависноста, отколку за некој десничарски пратеник кој долетал во некоја сиромашна населба на пет минути и да драми 'за реалноста во нашата заедничка околина,'" пишува Далиј.
Негова процена е дека втор дел од равенката е министерот Риердан, чија кандидатура се базираше на реформи на политиките околу наркотиците.
"Тој не е глуп... Тој одлучи да се води според заедницата, а не од медиумите и политичките ривали," објаснува Далиј.