„Ќе ти раскажам една занимлива приказна од моето минато, приказна која што ми смени сè, приказна која што беше пресврт во мојот живот.
Се сеќавам дека беше 2006-та година. Седев во соба тажен, очаен и разочаран без скршена банка во џебот. Причина за мојот очај беше што за 3 дена во центарот на Даблин концерт требаше да одржи тогаш најпопуларната ирска рок група "The Cors" која што ми беше омилена. А јас без никаква можност да присуствувам на тој спектакл...
Тие денови се тренираше многу, не излегував ниту се дружев со врсниците, единствена опсесија ми беше само тренингот. Животната цел ми беше јасна. Но тој концерт...
Седев и размислував како да најдам 300 фунти за 3 дена и да одам на ебениот концерт. Разни идеи и планови ми паѓаа на памет, до тоа дури и да обијам некоја златара или трафика, просто да не веруваш колку ми значеше таа рок група.
Но тогаш ми падна на памет најдобрата опција. Се сеќавам дека ја облеков својата прва "Everlast" тренерка која татко ми ми ја купи за 18-ти роденден. Ја навлеков капата од тренерката и тргнав помалку во страв од реализација на планот.
Тие години во локалните пабови секој викенд се одржуваше тогашното популарно боксување. Да! Нема да веруваш што ми падна на памет на 18 години.
Ниту бев добар крадец, ниту имав смисла за други работи, единствено во што бев добар беа боречките вештини. Кога му се приближував на пабот пред влезот, слушав груби гласови, гласни смеења и кригли како одѕвонуваат една од друга. Знаев дека внатре се наоѓаат најомразените локални битанги.
Еден од нив беше Стив О’Брајан тогаш најсилен и страшен тепач. Кога влегов, армија избезумени погледи се свртеа кон мене, а јас без размислување му пријдов на Стив и го прашав дали сака да се тепа со мене во 300 фунти. Отприлика 10 секунди гледаше во мене со крвавите очи и наеднаш врисна да се смее, а заедно со него и цел паб.
Ми кажа да одам дома и да се здебелам 50 кила па да се вратам. Почнав убаво. Му реков дека ми требаат пари и дека стварно сакам да се тепам со него. Неговата смеа стануваше се погласна, а дури и почна да ме понижува дека не сум дораснат ниту со келнерката да се тепам, дека сум копиљ и едноставно да одјебам и да си одам дома.
Но немав избор и тогаш како и сега покрај боречките вештини добро ми одеше и "trash talk". Секогаш сакав да зборувам валкано и да вреѓам.
Знам дека се качив на шанкот и од мене почна да излегува неконтролирана енергија, му се дерев, му викав, почнав да го навредувам за неговиот физички изглед, му го пцуев семејството, другарите, сè! Едноставно сакав да го испровоцирам.
Во еден момент за да ме спаси жив и за да ме прекине еден од неговите бандити се качи на шанк, а јас така силно го потрефив и мислам дека тоа беше еден од моите најдобри удари во животот.
Стив во неверување што гледа и слуша, збесна а јас го сакав само тоа. Ме фати за нозе, го избриша шанкот со мене и ме извади надвор. Околу нас веднаш се створи круг, а масата гласно почна да навива за него.
Почнаа да грмат удари и знам дека бев многу побрз, па успевав да ескивирам. Кога го удирав, тој како да не чуствуваше ништо. Секој удар на Стив по моето лице ме туркаше на земја. Мислам дека за тие 20-ина минути паднав 300 пати!
Дваесет минути беше најдолгото издржано време со О’Брајан. Претходните противници многу побрзо ги завршуваше. Секако, ја изгубив таа тепачка, бев многу млад и неискусен за него. Стив беше непобедлив уличен тепач.
Лицето ми беше цело со крв. Знам дека на крајот ми помогна да станам и кажа на глас дека никој никогаш не го изморил така. Притоа викна: „Еј копиљ, ме извреѓа пред сите, ми го онесвести другарот и изгуби борба, но сепак не сакам да ти ги земам парите коишто веројатно и ги немаш. Добар дечко си ти, ајде бегај дома сега!
Цел скршен од болки едвај се движев кога слушнав по улицата некој како трча по мене. Беше тоа келнерката од пабот која што ме стигна и ми стави нешто во џебот: „Ова ти го праќа Стив“.
Беа тоа 300 фунти и лист на кој пишуваше: „Можеби вечерва не ме победи мене, но се победи самиот себе. Го заслужуваш ова. Поздрав мали“.
Уште никој во мојата професионална кариера не ме прекрши така како Стив О’Брајан таа година. Тој ќотек, таа тепачка ми смени сè во животот. Притоа концертот беше одлечен“, раскажал Конор Мекгрегор.
Via: MMA