Албер Ками:

За новинарската слобода

Луцидност, отпор, иронија и упорност.

73 години беа потребни еден цензуриран текст на Албер Ками да допре до јавноста. Овој своевиден манифест за слободата на медиумите и новинарскиот интегритет Ками го пишува во ноември 1939-та година, за "Соар Републикен", весник кој излегувал во Алжир. Тоа е време кога Франција стравува од гермaнска инвазија и белешката на Ками не ја проаѓа цензорската рампа, што е разбирливо со оглед на тоа дека текстот говори токму за правото на мислење во конфликитни времиња. Текстот е најден лани, во еден француски архив.

"Една од најважните заповеди на новинарската професија е да не се падне во бескорисно кукање," вели авторот.

Според него, 4 точки мора да го обврзуваат независниот новинар за да може да ја зачува својата слобода пред "воено - хушкачките околности."

1. ЛУЦИДНОСТ - затоа што таа подразбира отпорност кон механизмите на омразата, одмаздољубивоста и фаталистичките митови.

2. ОТПОР - "Пред растечкото море глупости, неопходно е новинарот да активира отпор и извесна непослушност," советува Ками. Сите притисоци на светов не можат еден чист новинар да го натераат да ја прифати нечесноста, смета Ками. "Ако не може да каже сè што мисли, тогаш барем не мора да го кажува она што не го мисли".

3. ИРОНИЈА - Неопходна е, бидејќи е незаменливо оружје против моќниците. Ја надополнува непокорноста.

4. УПОРНОСТ - за да можат претходните три златни правила на новинарството да се спроведат, неопходно е да се биде упорен и да се отстранат пречките који најмногу ја кочат работата: "тврдокорни будалаштини, организирани безволности и агресивниот продор на секакви глупости".

репост

2 април 2013 - 14:14