Младиот судија Рој Каванаг го судел мечот меѓу екипите Сент Паулс и Сакред Харт за играчи до 15 години во Ирска, а потоа на Фејсбук објавил слики кои се раширија во ирските медиуми и ја шошкираа јавноста. Тој бил жестоко нападнат од вториот тренер на домашниот тим.
„Благодарам за сите пораки со поддршка. Имам модринки на стомакот, на раката и на нозете, но ќе преживеам. Јас сум судија бидејќи имам страст за фудбал и ова е единствениот начин да бидам вклучен во оваа игра. Немам кола и на мечевите патувам со автобус или пешки. Последно нешто што очекував е некој да ме нападне без причина само поради тоа што сум судија. Се надевам дека властите и лигата можат да се справат со овој случај на вистински начин, за потоа никој да не го доживее ова што ми се случи мене. Не сакам да ме гледаат како херој, воопшто. Следниот ден станав од кревет за да судам на друг меч, затоа што не верувам дека некој може да ме спречи да го правам тоа што го сакам.“, напиша на својот Фејсбук профил 22 годишниот судија.
Од клубот реагираа експресно и веднаш го избркаа вториот тренер на Сент Паулс.
„Извршниот комитет на Сент Паулс реши да му даде отказ на асистентот тренер и да му забрани доживотно да се занимава со било каква активност во клубот. Неговите прекршоци се неприфатливи и одат против сите верувања и вредности. Како клуб најостро и искрено ги осудуваме неговите постапки и му се извинуваме на судијата Тој Каванаг.
Кај нас редовно има случаи каде обично неуниформирани лица нападнале фудбалери или судии, како што беше примерот со младинците на Вардар пред шест месеци во Чаир, но до сега не сме чуле за казна некој да биде избркан од клуб.