Оние кои добро го познаваат, велат дека е многу променет. Човекот кој поради неговата енергија го споредуваа со цунами, денес, на негови 73 години живее многу спокоен живот.
Легнува во 9 часот навечер, откако саат време чита весници и текстови за заштита на човековата околина. Станува рано, ги пие редовните апчиња, малку гимнастика па после лежерно.
А во студентските денови чувал крокодил како домапшноп милениче, за малку ќе го изгубел животот на една трка на едреници, во бизнисот бил бескомпромисен а сакал и да се напие.
Годишно минува стотици илјади километри со својот приватен авион обиколувајќи ги своите 28 огромни имоти. 14 од нив се ранчови на кои се чуваат околу 55.000 бизони. До неодамна, Тед Тарнер беше најголeмиот земјопоседник во САД. Го претрка неговиот другар Џон Малоун од Liberty Media.
"Му здосади да водам, ама тој не подари една милијарда на ОН па му се може," вели Тарнер кој пред 15 години реши да стане филантроп и да одвои една третина од своето тогашно богатство подарувајќи им неверојатна сума на Обединетите Нации.
"Гледав како САД забушаваат со своите обврски, читав многу за Хирошима и Нагасаки. Помислив дека ако избие Трета Светска Војна, не некоја земја поединечно туку само Обединетите Нации ќе можат да го споречат дефинитивниот крај на нашата цивилизација," објаснува некогашниот газда на CNN.
Тој својата медиумска империја ја спои со Time Warner кој потоа беше купен од AOL. Денес ретко гледа телевизија воопшто.
10 годишниот брак со Џејн Фонда заврши во 2001-година. За да се памтат по добро, на разделбата и даде 40 милиони долари. Емотивната празнина денес ја пополнува со 4 интимни пријателки кои се помирени со тоа дека не можат да го направат моногамен. Со секоја поминува по една недела месечно.
Освен недвижнините, поседува и ланец од 44 ресторани во 16 држави, но тврди дека бизнисот не го возбудува.
Му се допаѓа Барак Обама, со години не влегол во продавница да купи нешто, дури ни облека, не пие алкохол и му се чуди на својот животен непријател Руперт Мурдок што се уште не му здодеале медиумските игри.