О'Нил објаснила дека периодов се менуваат многу работи и стари правила, заради што очекува во претстојната деценија да биде свикан референдум за обединување.
Северна Ирска е отцепена од Ирска во 1921 во времето на оттргнувањето на Ирска од директна британска контрола. По ова на Северот започнува конфликт кој завршува дури во 1998 со договор кој предвидува можност за гласање за обединувањето на двете Ирски.
Според договорот, британската и ирската влада треба да организираат гласање доколку станe очигледно дека „најголемиот дел од оние што гласаат ќе изразат желба“ Северна Ирска да се отцепи од Обединетото кралство.