По оценка на цензурата посетата на бордел на главниот јунак, Леополд Блум, или слободните монолози на неговата жена, Моли, го навредувале јавниот морал.
Во 1994. ирскиот писател Дермот Болџер се обидел Улис да го адаптира за сцена, но претставата е изведена само еднаш и тоа во САД. Во Даблин не можела да се игра заради тогашниот закон за заштита на авторски права.
Минатата година уметничкиот равокодител на театарот „Трон" во Глазгов се заинтересирал за Болџеровата драматизација, и ја поставил во овој град. Во претставата учествуваат осум актери, кои толкуваат дури 80 улоги. Токму тој, шкотски Улис, е изведен овој ноември и во Даблин.
„За мене емоционално ова значи дека Џојс конечно доаѓа дома. Како секое дете од овој град, ја добив книгата кога имав 14 години, мислејќи дека таа е многу безобразна. И се разочарав", изјавил Болџер. „Околу Улис се прави некоја фама дека тоа е нечитлива книга, но во нејзината суштина стои една исклучителна човека приказна, која сакав да ја прикажам".
Инаку, претстави направени по Улис се играни на сцени на повеќе театри во светот. Во некои е драматизирана само една глава од романот, во други неколку фрагменти се обликувани како сценски целини.
Во Москва сè уште се игра претстава според романот, која трае 5 часа и 50 минути, во „Мајсторската работилница" на неодамна починатиот Пјотр Фоменко. Не е ни чудо што е толку долга - романот има 265,000 зборови.