таг: театар

„Тоитоитои“: суеверија на музичарите

Како што на рибар не му се вика „со среќа“, така и на актерите пред излегување на сцена не им се посакува добра претстава. Но понежен од англискиот „скрши нога“ (break a leg) е еден друг израз кој се користи помеѓу музичарите, особено помеѓу оперските пејачи. Повеќе

Претстави без проби, со текст на слушалки
Што е тоа „вербатим“ театар?

Форма на документарен театар, каде драмскиот текст се состои од искази на реални луѓе. Но тоа не е сè, тој (текстот) им се чита преку слушалка на актерите во текот на самата изведба, без претходна проба. Повеќе

Најшокантниот театар на светот чии драми биле базирани на црна хроника

Се викал Гранд Гињол, а во него се прикажувале реалистични хорори и претстави со многу секс. Каде, ако не во Париз. Повеќе

Првата комедија напишана од жена се поставува по 400 години

Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција. Повеќе

Tеатар во кој физичката попреченост се претвора во предност
Светски ден на штиците што живот значат, 27.03

Нова продукција на „Не јас“ на Семјуел Бекет се придружува на движење на актери и режисери кои се обидуваат нарушениот слух или хендикепираноста да ги направат дел од својата приказна. Повеќе

Дали би гледале театар од тросед?

За „вистинските“ театрофили ова може да звучи ко богохулие. Но да можеш да гледаш снимки од славни претстави, па и преноси во живо од актуелни изведби некаде низ светот, каде инаку тешко дека би патувал само за да појдеш на театар, тоа нам ни звучи како одлична идеја. Повеќе

„Нрдлеска“ - нов вид театарска бурлеска

Нешто како фан фикција, ама во театар - бурлеската доживува ренесанса, но во нова форма, чија целна група се обожаватели на одреден филм или серија. Во Њујорк овој жанр е станат толку популарен, што во 2014 е организиран цел фестивал на „нрдлески“. Повеќе

Кога аутистичен актер игра аутист
Прв пат на професионална театарска сцена

Не е ок (велат) кога поединци кои не се „транс“ играат такви улоги. Не е ок (велат) кога бел актер игра небелечки улоги. Конечно е ок тоа што некој кој знае како е да си аутистичен ќе игра ист таков лик, прв пат на професионална театарска сцена. Повеќе

Teaтарска претстава за Големиот хадронски колајдер
Физика и драма

Нова продукција на „Ројал Шекспир компани“ е драма која се одвива пред самото пуштање во употреба на LHC во Церн, а зборува за однос помеѓу научник кој работи во централата, и новинар кој известува за историскиот момент. Повеќе