Авторот на новата драма под наслов „Земјени работи“ (The Earthworks), Том Мортон-Смит, вели дека никогаш немал добри оценки по природни науки во школо, и дека има „спротивно од математички мозок“. Ова е малку парадоксално, имајќи предвид дека и претходниот негов текст, хитот од 2015 под наслов „Опенхајмер“, беше посветен на трагичниот живот на пронаоѓачот на атомската бомба. Сепак, тоа беше пред сè историска драма за која беа потребни пет години истражување и пишување, и вклучуваше екипа од 22 актери. Новото дело е помало по обем, човечка приказна која ги истражува идеите за „маса“ и „тежина“ од физичка, но и од филозофска гледна точка.
Главните ликови - научникот и новинарот - седат една вечер во бар во Женева, а потоа заминуваат во хотелот каде престојува (во тој момент идниот Нобеловец) Питер Хигс, за да го разбудат и да го натераат да им ја објасни науката која стои зад колајдерот. Сета физика на сцената, движењето со брзина на светлината и елементарните честички, не се симулираат со некакви театарски ефекти, туку се оставени на фантазијата на публиката.
„Има поезија во тоа да бараш нешто што се вика Божја честичка, потрага која води до самиот корен на човечкото постоење“, вели авторот. Кога зборуваш за честички и нешта во квантниот свет кои едвај постојат на начин на кој тоа може да го разбереме, мора да зборувате во метафори. Но за мене театарот и науката функционираат заедно бидејќи обете се обид да се одговорат големите прашања во светот“.
Премиерата е закажана во Стратфорд на Ејвон на 24 мај, а ќе игра до 17 јуни.