Таг: претстава

Суетни генерали, Елвис и конфети од сечење мапи: косовска претстава за фарсата на мировните преговори

„Преговарајќи го мирот“ на косовскиот драматург Јетон Незирај покажува дека дипломатијата на мирот е фарса, иако често неопходна. Станува збор за драматизирани преговори за мир помеѓу фиктивните завојувани земји Бановија и Унмикистан, претставени како комедија, иако со горчливи тонови.

Брајан Кокс ќе го игра Бах во нова театарска претстава

Драмата „Композицијата“ (The Score) на Оливер Котон е фиктивно претставување на еден историски факт - средбата на славниот композитор со прускиот крал Фредерик Втори. 

Џек Унтервегер: новинар, поет и сериски убиец (кому е посветена претстава што ќе игра на Охридско лето)

Денес научивме дека Џон Малкович ќе настапи на Охридско лето со претставата „Пеколна комедија - исповед на еден сериски убиец“. Таа се однесува на Јохан „Џек“ Унтервегер, најпрвин осуден за едно убиство, па ослободен по барање на тамошната интелектуална елита, па пак суден за петнаесет други убиства. 

Нова претстава во која Бекет и Стопард разменуваат СМС-и и емотикони

Двајца славни драматурзи се заглавени во некаков изолиран универзум и можат да комуницираат само преку пораки. Заедносе обидуваат да ја промислат ваквата ситуација, мачејќи се со медиум кој не е баш најзгодниот за длабокоумни муабети.

Како да ги споиш „Квин“ со јапонско кабуки?

Неисцрпно инспиративна, „Ромео и Јулија“ сега е основа за нова јапонска претстава која наскоро ќе гостува во Британија. Се вика „Ноќ во кабуки“ и комбинира забранета љубовна приказна која се одвива во 12 век со музика од „Квин“. 

Контроверзна претстава за убиецот на Ганди

Анупама Чандрасекар е името на индиската драмска писателка чија претстава се фокусира на атентаторот на Ганди, Натурам Годсе, кој бил обесен во 1948 за своето дело. Но неговото име во последниве години се враќа во оптек, овој пат не како предавник, туку како херој.

„Калас-трофа“: Моника Белучи како Марија Калас на театарската сцена

Италијанската актерка настапи во улогата на оперската дива на сцената на Театарот на Нејзиното Височество во Лондон. И обожавателите на Калас, и оние на прекрасната Белучи, останаа разочарани.

„Игра на тронови“ станува претстава

Премиерата ќе се случи во 2023, а претставата ќе се однесува на значаен собир кој се случува една деценија пред настаните опишани во романот на Мартин и хит ТВ серијата.

Претстава која ја играте сами со инструкции кои ви ги носат до дома

Вие сте единствениот изведувач, истовремено и публика, во оваа драма чија содржина е различна за секој актер-гледач.

Прва оригинална драма која се одвива на платформата Зум

„За што треба да зборуваме?“ на Ричард Нелсон се одвива на необична сцена - видеоконференциската платформа Зум. Но ова не е само финта, туку интегрален дел од заплетот.

Најкратките драми на светот

Пресек на театарот на 20 век, овие не кратки, туку најкратки пиеси на целиот свет, се вистинска потврда на старата изрека - дека уметноста го имитира животот. А тој е апсурден, смешен, меланхоличен, брз, гневен и често многу, многу краток.

Tеатарска претстава за тоа како е да се работи во магацин на Амазон

Врз основа на сведоштва на анонимни работници, нова претстава истражува како е да се работи во најбогатата компанија на светот.

Tеатарска претстава за вистинско убиство во која глумат блиски на убиениот

На 22 април 2012, Исане Џарфи напуштил геј бар во Лиеж, Белгија, и почнал да муабети со неколку мажи во паркиран голф. Откако сите заминале со колата, 32-годишниот Мароканец бил мачен и убиен. Сега една претстава се обидува да го реконструира настанот, ама како што тоа се прави во филмски документарци.

Претстави без проби, со текст на слушалки

Форма на документарен театар, каде драмскиот текст се состои од искази на реални луѓе. Но тоа не е сè, тој (текстот) им се чита преку слушалка на актерите во текот на самата изведба, без претходна проба.

Има ли кај нас професија „проверувач на факти“?

Пишувањето на текстов го почнавме со една наивна мисла, дека кај нас можеби постои работно место „факт чекер“ и дека оттаму би имало и добар превод на ваквата професија, која (таму, некаде на друго место) е макотрпна и одговорна работа.

Претстава според 20 песни на Дилан

„Големиот успех на лондонската поставка на Девојката од северот, мјузиклот на Конор МекФерсон базиран на песните на Дилан, е во неговата способност, како и онаа на неговиот музички супервизор Сајмон Хејл, да пронајдат нијанси на значења во песните кои веројатно би го изненадиле и самиот Дилан.“

Tеатар во кој физичката попреченост се претвора во предност

Нова продукција на „Не јас“ на Семјуел Бекет се придружува на движење на актери и режисери кои се обидуваат нарушениот слух или хендикепираноста да ги направат дел од својата приказна.

Полска претстава обвинета за поттикнување убиство

Њујоршка изведба на „Јулие Цезар“ во која беше „убиен“ Трамп овој месец предизвика протести и повлекување на спонзорите. Aма Полјаците беа први во сличен театарски скандал, иако за нив подоцна се дозна. Нивна „мета“ -  католичката црква и лидерот на полската владеачка партија, Јарослав Качински.

Teaтарска претстава за Големиот хадронски колајдер

Нова продукција на „Ројал Шекспир компани“ е драма која се одвива пред самото пуштање во употреба на LHC во Церн, а зборува за однос помеѓу научник кој работи во централата, и новинар кој известува за историскиот момент.

Претстава направена според еротски писма на славни личности

На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.

Брајан Кренстон ќе го игра „пророкот“ Хауард Бил во театар

Некако ни е лесно да го замислиме некогашниот Хајзенберг од Брејкинг бед во улогата на полудениот телевизиски водител од антологискиот „Мрежа“ од 1976. А уште повеќе современа верзија на истиот текст. Всушност, и нема многу потреба од осовременување, сè си е кажано.

Горан Стефановски: Шест белешки за пристапот кон „Хамлет“

Минатата сабота (17.09) во Југословенско драмско позориште се одржа премиерата на Шекспировиот „Хамлет“. Режисер е Александар Поповски, а новиот Хамлет е Небојша Глоговац. Адаптацијата ја направи Горан Стефановски, а композитор е Кирил Џајковски. Еве дел од од драматуршката експликација за претставата на Горан, која ја пренесуваме од белградско „Време“.

Циркуска претстава на лондонски гробишта

Австралиската циркуска трупа Цирка под раководство на Јарон Лифшиц, која брои околу 20 луѓе, се обидува да ја издигне оваа изведувачка уметност над нивото на спектакл, комбинирајќи ја со музика, поезија, театар и архитектура.

Писателот од раниот 20 век што ја предвиде ерата на интернет

На денешен ден, 07.06, во 1970, починал Едвард Морган Форстер, британски автор на романи по кои се снимени славни филмови. Но еден негов помалку познат расказ зборува за феномен за за кого во негово време немало ни име. Денес го викаме - интернет.