„Направив како што ми рече, ти валкано девојче, и си го издркав два пати додека ти го читав писмото“, напишал Џејмс Џојс во 1908, на самиот почеток на пораката до неговата љубов, Нора Барнакл.
Нова претстава која се оддржува во Лондон вклучува вакви страсни писма испратена од различни познати личности низ вековите, без оглед дали тие се експлицитни, романтични или „кодирани“. Шоуто е дел од „Фестивалот на секс“ кој се одржува во театарот Камден во Лондон. Во претставата деловите од писмата се читаат на глас, но се појавуваат и модерни анонимни пораки, СМС-и и твитови, како и „секстови“ од апликации за запознавање.
Поентата е споредувајќи го старото со новото да се укаже на она што се губи при заменувањето на убавата уметност на коресподенцијата со инстантноста на дигиталната комуникација. Има одредена сензуалност која „ветрее“ кога долго очекуваните љубовни писма се претворени во фејсбук пораки.
Авторка на проектот е Рејчел Марс одбрала 15 „старовремски“ но жешки писма, од оние на Фрида Кало до Диего Ривера, преку преписката на сликарката Џорџија О’Киф со фотографот Алфред Штиглиц, до она на Марсел Пруст до дедо му, кое има врска со секс, но на малку поинаков начин (види претходно тука). Сепак најапла се писмата на Џојс, кои се доста груби и полни ентузијазам за анален секс со споменатата.
Споделувањето на интимните писма во јавност на овој начин некои можеби ќе го оценат како несоодветно. Но тие сепак нè потсетуваат дека ништо во врска со љубовта и сексот не е ново. Освен што, како што вели насловот на претставата - што „постарите писма се подобри“.