Таг: писма

Материјал за иден филм: „видовитиот“ што цели 20 години цедел пари од повозрасни Американци

Во периодот од 1994-2014 Канаѓанецот Патрис Ранер испраќал писма на милиони Американци и се потпишувал како европска видовита госпоѓа. Белешките, напишани со ракописни букви, содржеле генерални предвидувања и вклучувале список „среќни“ броеви. Но визијата не била бесплатна, туку чинела 50-тина долари, и тоа само за почеток.

Човекот кој одговарал на писмата испратени до Шерлок Холмс

Славниот детектив добивал илјадници писма на адресата Бејкр стрит 221Б. Еден човек си ја презел улогата на негов секретар, и со години одговарал на истите. Денес ги чува како да се љубовни писма.

Објавени љубовните писма на Антоан де Сент Егзипери

Издавањето на книгата претставува завршница на повеќегодишен судски спор помеѓу законските наследници на aвторот на „Малиот принц“ и оние на неговата сопруга Консуела.

Фудбалер на Борусија Дортмунд им пишува писма на луѓе во изолација

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Германците да се откажат од сите социјални контакти што е можно повеќе. Во таква ситуација фудбалерот Емре Џан решил да им помага на луѓето кои се осамени во изолација.

Писмото од затвор на 89-годишниот Бертранд Расел до сопругата

Расел бил во затвор? Ова беше нашата прва реакција на веста за дигитализацијата и објавувањето на неговата кореспонденција од зад решетки, каде завршил на два пати во својот живот.

Kнига со покајнички писма за - украдени камења

На англиски се викаат „писма на совест“ (conscience letters) и во случајов претставуваат придружни белешки кон вратени фосилни парчиња дрва и карпи, некогаш украдени од национален парк во Аризона.

Пред пасвордите: уметноста на „заклучување“ писма

„Летерлокинг“ е неколку векови стара вештина на пакување писма, така за да се обезбеди дека никој нема да ја прочита пораката пред таа да стигне до оној до кого е наменета.

Нецензурираниот Чајковски

Русите уште имаат проблем да признаат дека еден од нивните сјајни композитори повеќе сакал мажи. Сега на англиски прв пат се објавени и оние делови од неговите преписки кои досега беа цензурирани од домашните дежурни моралисти. 

Писма на младиот Пруст до неговата љубов - славен француски композитор

Уште не ни се оладил текстот за писмата на Хемингвеј до неговата 30 години помлада муза, веќе имаме нов момент: во Париз се изложени писма на Пруст до неговиот долгогодишен партнер, пред нивната најавена аукциска продажба.

Објавени писма на Хемингвеј до неговата 30 години помлада муза

Нова книга од италијански автор го истражува пријателството помеѓу Хемингвеј и тинејџерката Адриана Иванчиќ, кое траело осум години.

Претстава направена според еротски писма на славни личности

На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.

„Драга Британијо“

Неколку европски писатели им пишуваат отворено писмо на жителите на Островот, споделувајќи ги своите размислувања за тоа дали вреди да се остане или да се излезе од ЕУ. Во основа она што им го велат е - не си одете!

Прва биографија на славниот Леви-Строс на 900 страници

Емануел Луаје е професорка по современа историја, и авторка на првата вистинска биографија на еден од најголемите интелектуалци на 20 век. И навистина е храброст некој да се зафати со ваков потфат, имајќи предвид дека се работи за човек кој живееше 100 години, а го заврши животот наградуван со најзначајните француски признанија, но и со голема светска слава, особено во антрополошките и книжевните кругови.

Дарвин за и против бракот

Посветен на проучување на животинските видови, тој очигледно добро го познавал и човекот. И не му била туѓа една од вечните дилеми на ова суштество - да се жени, или не. Аргументите на Дарвин се малку чудни, но сосема разбирливи. 

Тензичното пријателство меѓу Т.С.Елиот и Гручо Маркс

Гручо: поп селебрити, дете на имигранти, компулсивен (и дрзок) Евреин од стереотипно пониската класа „забавувачи". Елиот: „книжевен мандарин", католик и антисемит, нобеловец. Што можело тука да тргне наопаку?

Преписка помеѓу Жижек и Толоконикова од „Пуси рајот"

Надежда Толоконикова, една од членките на „Пуси рајот", во моментов е во затворска болница во Сибир. Но пред штрајкот со глад кој ѝ го наруши здравјето таа и Жижек неколку месеци се допишувале. На Надежда тој дури ѝ доаѓал и на сон.

„До: Јулија, Верона“

Секоја година во градот на Шекспировите Ромео и Јулија, пристигнуваат илјадници писма полни љубовни јади, адресирани до поубавата половина на овој пар.

Дали гледањето спорт е „виновно задоволство"?

Во повеќе наврати сме промовирале соработка со спортската рубрика на сајтов. Еве уште еден повод: двајца писатели. нобеловецот Џ. М. Куци и славниот Пол Остер, преку писма дискутираат за сопствената опсесија, да гледаат спортски натпревари, и да се чувствуваат виновно што си го губат времето.

Базен, виски и џез

Неодамна беше објавена за фановите долго очекуваната збирка преписки на Курт Вонегат, со неговите пријатели, колеги и читатели. Зборуваме за време кога луѓето навистина пишувале писма, во кои навистина нешто кажувале. А Вонегат има што да каже, дури и кога зборува за сосема обични работи.

Во „Економист“ има многу секс?

Има читатели кои се во состојба да најдат замерки и во коректорски и јазично најчистиот, и стилски најдобриот текст. И полека се навикнуваме на тој факт. Но можеме да замислиме како им било во „Економист“ кога го добиле писмово - тие цело време мислат дека пишуваат за политика и економија, кад оно...

 

Писмо од омилениот писател

Румпус е онлајн списание посветено на културата, и тоа не онаа популарната, од типот „познати луѓе направени од врвки за чевли" или „ликови од Војна на ѕвездите во смешни перики". Најнова идеја на списанието е - испраќање писма (не електронски, туку во коверт, со марка и печат) на читателите од нивните омилени автори.