Врската помеѓу на Антоан де Сент-Егзипери, авијатичар, поет и воен херој, и неговата сопруга Консуела послужила како инспирација за едно од најзначајните дела на 20 век - „Малиот принц“. Славната книга до сега се има продадено во над 200 милиони примероци во 450 различни преводи, откако прв пат била објавена во 1943. Една од епизодите во неа е грижата за розата - која е истовремено и многу деликатна и со големи побарувања - која принцот ја одгледува на својата родна планета.
Вистинската роза на Сент-Егзипери била Консуело Сунцин, уметница од Славадор, позната во високото јужноамериканско општество и пошироко пред да се омажи за него во 1930. Сега, повеќе од 160 нивни писма и телеграми се објавуваат во Франција, илустрирани со десетина скици, фотографии и други материјали.
Не е изненадувачки што бракот помеѓу авантуристот-меланхолик и жената со остар јазик и интензивен темперамент бил постојано тензичен.
„Консуела моја драга, не разбираш колку ме измачуваш“, пишува тој во едно од писмата.
„Плачам од страв дека ќе бидам избркана од твоето срце“, одговара таа.
Низ нивната преписка се регистрираат голем број раскинувања и авантури, но и исто толку помирувања.
Сент-Егзипери, кој му се придружил на француското движење на отпорот од егзил во САД, исчезнал кратко време откако полетал од Корзика во јули 1944. До 1998 не постоел доказ за неговата смрт, но тогаш рибар од Марсеј пронашол сребрена алка за идентификација. На неа биле испишани обете имиња - на Антоан и на Консуело.
Аристократската фамилија на Сент-Егзипери никогаш не ја сакало снашката, и по неговата смрт практично ја избришале од нивните животи. Нејзината одмазда се состоела во тоа што му ја предала својата половина од авторските права на својот градинар и шофер Хозе Фруктуозо Мартинез кога починала во 1979, заедно со голем куп од љубовните писма.
Во 2008 семејството Сент-Егзипери успешно се суделе со него откако тој објавил книга за Антоан и Консуело без нивно одобрување. Шест години подоцна тој сепак го добил спорот во кој барал процент од цртана верзија на книгата. Најновото објавување на љубовните писма претставува помирување помеѓу двете групи, иако се смета дека вдовицата на градинарот се уште поседува необјавени материјали.