Извадок од автобиографијата на Мишо Хрњак

Кога Штулиќ кршеше гитара на сцена

Извадок од новата книга на некогашниот басист на Азра, напишана во стихови и без интерпункција. За разлика од Џони, кој во своите преводи внимава на секоја запирка, Хрњак е лефтерен, но живописен. Во овој дел за инцидент во Словенија, каде Штулиќ кршел опрема на сцена, како да има вишок гитари.

Mишо Хрњак, некогашниот басист на Азра, живее во Унгарија, со жена му и пет деца, и се занимава со музикотерапија и столарство. Сосема е исклучен од настаните во бивша Југославија. Па сепак, за некој ден тој, заедно со Борис Леинер (исто екс-Азра) ќе одржат концерт во Загреб, под името Леинер Хрњак Бенд, а ќе пее Домагој Веорбергер од групата Корто. По тој повод ќе се одржи промоција на албумот „Виша сила", и книгата „Срце од злато", автобиографија во стихови на Хрњак. Можно е да следи и турнеја „од Вардар до Триглав".

Насловот на книгата на Хрњак е всушност песна од Нил Јанг, а поднасловот „приказни, но не баш за деца". Еве извадок од неа:

сосема друга приказна
зима е декември осумдесет и прва
дојдовме дома откако пропатувавме и свиревме буквално во цела југа
исцрпени на сите нивоа
имавме неколку денови да се одмориме во загреб
сметки ѓубре фрижидер девојка френдови знаете веќе
секогаш истата приказна
инаку секогаш истата приказна е единствената песна на азра на која пеев вокал
низ телефонска слушалка
а не во кога мики вели дека се плаши како што пишува на википедија и кој знае каде уште
btw не сум јас тој мики што се плаши тоа е еден скроз друг мики само толку да се знае
менаџерот ни договори свирка во љубљана
не баш во љубљана туку во близина на домжале и погодивте во пожарникарски дом
ќе дојдат и некои наши френдови од загреб не нè виделе ни чуле веќе некое време
салата е солидно пополнета и тргнува свирката
но нема фидбек од публиката
тук и таму по некој аплауз нашите френдови најгласни
многу е напорно да се свири кога нема повратна енергија
се прашуваш дали е до саундот или до нас што им е на луѓево платиле карта нас нè немаше долго
словенците се супер публика
не е случајно што од таму тргна и панкот и њу вејв во оваа наша источна верзија
но нема реакција
мртво
ништо
дојдовме веќе напукнати и не требаше многу да пукнеме до крај
по некој пола саат свирка на џони му пука филм
ја симнува гитарата од рамо и почнува со сета сила да удира со неа по бината и по звучниците
па пак по бината
борис и јас уште кратко свиревме па и ние престанавме
затечени како и сите присутни со раширени очи и усти
молк
шок
никогаш не кршевме опрема до која тешко доаѓавме
Оние од „Ху" на кои тоа им беше обичај
имаа посебни гитари за такви прилики
начнати на вистинските места за спектакуларно да се распаднат
додека асистентот брзо ја носи онаа вистинската за свирката да прсне оргазмично
шоубиз баби
на џони не беше таква туку вистинска
а не е лесно да скршиш лес пол тоа е една солидна и прилично тешка гитара
удира тој крши ги сруши појачалата и ги проби кутиите но гитарата не се дава
додека конечно не ѝ одлета гавата а и вратот тука некаде се скрши
но ова не беше за шоу
се разлеа неговиот бес и фрустрацијата
ова беше вистинска катарза
дечки по мене
во бекстејџ
роуди желимир на бина се обидува да ја оспособи
во публиката жамор
менаџерот по нас
вели низ нос браво џони ова добро го изведе ова би требало да се одбележи
џони му вели пуште нè на само всушност знаеш што отпуштен си
и тогаш
што кур види каде завршивме гледај нè како некои ебени ѕвезди
ѕид од појачала седум гитари
тој имаше тогаш пет а јас две
веќе не не' собира ни на сцена
како сребрени крила сме како јебено дугме ни требаат спортски сали и стадиони
а свиревме по школи по диско клубови
кога ќе ја видиш и ќе ја осетиш публиката кога можеш да им ја намирисаш потта а тие нашата
јее
па да
и ни беше добро
а не ова срање сега бизнис и сè тоа
менуваме сè се враќаме назад заеби ти све ова
јее
назад на сцена
овој пат целата публика нè дочекува со крици и со раце во вис
и тие и ние полни адреналин
од почеток до крај лудница како ретко кога не е битен ни саундот ни ништо друго
кога заврши свирката брада ме влече за ракав дај хрњак дај поразговарај со него
збори си сам и до сега сте збореле сами
има направено многу свирки но и многу штета
воопшто не ми беше жал што доби отказ
назад во загреб по оној стар пат
нè вози жељац во неговиот стар вреден мерцедес
ду дум ду дум ду дум ду дум

Извор: Јутарњи лист

23 мај 2015 - 09:32