таг: книга

Последната книга поезија на Коен ќе излезе во 2018

„Пламенот“, која се планира да излезе на 16 октомври 2018, ќе вклучува завршени песни, како и илустрации, стихови од албуми, прозни парчиња и материјал од бележници на нашиот омилен трубадур. Повеќе

Нова книга кратки раскази на Том Хенкс
Hanks, but no thanks

„Со само еден исклучок, дебитантската збирка на Хенкс би можела да биде дело на самиот Форест Гамп“. Вака ја сосекува книгата критичар на Гардијан, а и останатите не се многу понежни. Повеќе

Ако сте средовечни (или наскоро ќе бидете) ова е книгата за вас

Имате ок работа и фин семеен живот, а сепак се чувствувате „празни“? Мислите дека веќе немате време за остварување на соништата од младоста? Ве плаши што повеќе од (замислената) половина од животот ви поминала, и кај и да е се гледа крајот? Добредојдовте во кризата на „средните“ години. Повеќе

Како реагирал авторот на книгата според која е сниман Блејд Ранер кога прв пат го видел?

Филип К. Дик бил убеден дека Ридли Скот ќе му го упропасти романот „Дали андроидите сонуваат за електрични овци?“ според кој е правен Блејд Ранер, па за да не избувне одлучил да не доаѓа на снимањето. Сепак, се согласи да види дел од материјалот на специјално организирана проекција. И го сменил мислењето. Повеќе

Рупи Каур или најславната поетеса на Инстаграм

Нејзините стихови за љубовта, сексуалноста, но и расизмот и злоупотребата, објавувани на Инстаграм од неа направија ѕвезда. Неодамна издаде втора збирка, и повторно ја разбранува книжевната „елита“, која не може да се помири со тоа дека некој, само затоа што објавува на социјални мрежи, може да продаде над милион копии од книга со по неколку стихови на страница. Повеќе

Дали најсреќното време за човештвото е далечно минато?

Идејата не е нова и гласи отприлика вака: современиот живот на западниот човек не е врвот на цивилизацијата, и историски не постои нешто што се нарекува „прогрес“. Западното општество не е магично ослободување, со посредство на технологијата, од ограничувањата на духот и телото. Напротив, можеби е токму спротивното.  Повеќе

Зошто мозокот не ни експлодира кога гледаме брзи монтажи?
Невронаука и филм

Џеф Закс е експериментален невронаучник, а неговата книга „Треперење: нашите мозоци на филмови“ меѓу другото објаснува некои од основните принципи кои прават подвижните слики да ни имаат смисла како континуирана приказна, и покрај монтажите. Повеќе

Moра ли сексот да биде „жежок“?

Иако масовната култура, а особено порното, наметнуваат таков наратив, стварно не мора да бидете камшикувани, врзувани или атлетски ракувани за да кажете дека сте имале добар секс. Наспроти бркањето оргазми, може и малку гушкање. Повеќе

„Црно огледало“ станува книжевна серија

Обично размената помеѓу книжевноста и кинематографијата оди во правец прво книга, после филм или серија. Во случајов е обратно - Black Mirror по три сезони и четвртата во најава ќе стане книга. Повеќе