„Летото кога ја минавме Европа на дожд: стихови за Стејси Кент“ е збирка на Казуо Ишигуро која ќе биде објавена од издавачот Фабер на 7 март 2024. Таа содржи 16 стихови за џез песни, илустрирани со посебно нарачани цртежи од италијанската уметница Бјанка Багнарели и со вовед од Ишигуро.
Музичарката Стејси Кент и славниот автор се запознале откако тој одбрал нејзина изведба, верзија на стандардот They Can't Take That Away from Mе, како музичка придружба на своето интервју за Би-би-си радио од 2002. Кент од своја страна имала прочитано два романа на Ишигуро и му била голем фан, па кога разбрала за ова му пратила порака со благодарност. Нивната преписка довела до тоа Ишигуро да ги напише стиховите за нејзиниот албум од 2007, „Појадок на утринскиот трамвај“, кој тогаш беше номиниран за Греми.
Збирката во најава содржи стихови напишани после тој албум. „Едно од клучните нешта што ги научив пишувајќи стихови за музика - и ова имаше огромно влијание врз мојата проза - е дека кога се во прашање интимни песни испеани во прво лице значењето не смее да биде ограничено на хартијата - мора да биде недоречено, да се распознава помеѓу редовите“, изјавил Ишигуро.
Кога бил млад писателот се сметал пред сè за пејач и стихописец, но кога почнал да студира креативно пишување во 1980 сметал дека треба да се одлучи дали ќе пишува романи или стихови. „Едно време се замислував како гламурозен музичар - ама вистината е дека сум од оние досадните типови со плишани сакоа и кожни парчиња на лактите“.
Eдна од песните од наградуваниот албум „Песни од други места“:
A sunken lane, a muddy track
A grey sky over the moorland