
Пол Мекартни, почнувајќи од доцните 1960-ти, присуствувал на настапи и предавања на експериментални композитори како Корнелиус Кардју, Карлхајнц Штокхаузен, Делија Дарбишир и Лучано Берио, а бил инспириран и од Џон Кејџ, кој во своето дело „Радио музика“ користел случајни радио-сигнали, најави, шушкања, џинглови. Тоа директно влијаело врз славната песна на Битлси, I Am the Walrus. Мекартни исто така експериментирал со ленти и звуци дома, носејќи полна кеса со лупови во студиото. На тој начин создавал непредвидливи ефекти што ја правеле музиката поинаква, психоделична и иноваторска.
Француските пионери Пјер Анри и Пјер Шефер уште во 1940-тите развивале тн. „конкретна музика“ – композиции од снимени природни и секојдневни звуци што биле обработени со магнетофони. Таа техника, со својата мешавина од препознатливо и апстрактно, била блиска до психоделичниот дух кој Битлси подоцна го прифатиле.
Мекартни и Ленон ја користеле технологијата различно: Ленон бил повеќе привлечен од хаосот и екстремната експерименталност, додека Мекартни сакал да ги вметнува новите ефекти во поп-формата, комбинирајќи ја авангардата со песната. Така нивното партнерство создало нов вид интелигентна, авангардно-инспирирана поп музика, која ги менувала очекувањата на публиката.
За Мекартни, ова било овозможено и од духот на времето, но и од поддршката на неговата сопруга Линда, која често му велела: „Сè е дозволено“. Тоа за него значело слобода да експериментира и да ја шири музичката хоризонтала без ограничувања. Сето ова покажува дека Битлси не биле само поп-бенд за масите, туку и истражувачи кои преку експериментална класична музика и нови технологии го трансформирале звукот на својата епоха.
Во ова клипче Џон Ленон во радио интервју објаснува како дел од драмата „Крал Лир“ се нашла во гореспомнатата песна - тој не ни бил свесен дека зборовите се од Шекспир, туку само сакал да искористи случаен пренос на Би-би-си кој одел во моментот на снимањето.