Кога денес го гледаме Дисмаленд на Банкси, или политички ангажираните изложби на Аи Веивеи, сведоци сме на обиди за критика на воспоставените сили на моќ, низ уметност која исмева, но и предупредува. Вакви примери низ историјата има многу, но интересно е кога на нив ќе се наиде среде уметнички правци кои многумина ги сметаат за обична „стилска вежба". Таков е дадаизмот, кој всушност тежи од политички активизам, кој бил и причина за неговиот внатрешен распад.