Мава Израел ама мава и Милановиќ

Хрватскиот претседател стана регионален портпарол на сите оние кои се фрустрирани од снисходливоста и безрбетноста на домашните политичари. Неговата битка со ЕУ бирократите и Израел, држава чија политика не можеш да ја критикуваш а да не те прогласат за антисемит и нацист, досега имаше неколку рунди. Милановиќ не само што уште е на нозе туку собира поени и овации од публика.  

Прва рунда:

Хрватска и Хрватите немаат никаков историски или актуелен багаж поради кој треба да се молчи за работите за кои не се молчи.

 

Втора рунда: 

Европа е чопор мачки, секоја ќе се разбега на своја страна. Трамп брише патос со шпанскиот премиер (Кој се осмелил да се заложи за меѓународно право, замислете каков разбојник!) а германскиот канцелар седи до него и се смешка. 

Трета рунда:

Израелскиот амбасадор во Загреб, Гери Корен, повика Хрватска да ги прекине дипломатските односи со Иран и да спроведе безбедносна проверка на персоналот во иранската амбасада во Загреб, тврдејќи дека меѓу нив може да има „шпиони“ од Иранската револуционерна гарда кои собираат разузнавачки информации и поддржуваат тероризам.

Четврта рунда:

Израелски официјални лица реагираа остро на изјавата на Зоран Милановиќ „Брат, ова е  Загреб, не е Тел Авив“. Министерот за надворешни работи Гидеон Саар го обвини Милановиќ за антисемитизам и говор на омраза кон Израел и ционизмот.

16 март 2026 - 13:49