Денешната музика е далеку посиромашна во мелодии и акорди отколку онаа што се продуцираше во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, утврдиле група истражувачи од еден шпански универзитет.
Но затоа, денешната е многу погласна. Доколку пуштите две песни од двата периода на исто ниво, новата убедливо ќе ја преклопи старата. Гласноста не се должи на подобрените техники на снимање туку на желбата по секоја цена да се привлече вниманието на слушателите.
"Логично е креаторите на музиката да бараат начини да привлечат внимание но со гласноста може да се оди само до одреден степен после кој една песна станува неслушлива," вели еден проферсор по музика препорачувајжи им на музичарите повеќе да истражуваат и експериментираат.
Освен што е мелодиски посиромашна, денешната музика има и помалку акорди. Премините меѓу главните акорди на една песна се поедноставени за да се добие релаксирачки ефект.
"Денес малку кој сака да се занимава со прашањето што една песна ни порачува. Од музиката се бара или да нè опушти или да нè разигра," вели истражувачот Мартин Харо од Барцелона.