Таг: поп музика

Џејмс Блант има нешто што Ролинг Стоунс немаат

Изјава што може да се сфати и како „Ролинг Стоунс можат вода да ми носат“ има дадено Џејмс Блант. Оној, со гласчето, You’re beautiful; 15 години откако го освои светот на поп-музиката со фалсето, бос во снег.

Таткото на поп музиката за кого не сме слушнале

Поп музиката не за почнала со Битлси во 1963, ниту со Елвис во 1956, па дури ни со првите сингл-плочи од 1949. Историјата на овој жанр има врска со името на американски композитор чии песни многумина ги сметаат за „народни“, односно дел од големата американска „песнарка“.

Од кога фановите на поп-музиката се опседнати со бројки?

Продажба, стримови во прва недела, шанса за платинест албум… Да си фан станува игра на бројки сега.

Каква врска има Стравински со хип-хоп и Бруно Марс?

Има еден звучен ефект карактеристичен за поп музиката од 1980-тите, но кој се смета и за хип-хоп клише. Истиот има интересна историја.

Музика без подобрајзери

Гласовите на некои од најпознатите ликови од поп музиката, оставени сами на себе, без ни најмалку аутотјун. Некои звучат како што можеш да очекуваш од професионален музичар, некои пак се живо оправдание за популарноста на аутотјун.

Дали побрзо старееш ако слушаш песни за стареење?

Текстов беше непосреден повод да провериме како стојат работите во нашиот плеер. Резултат: во него има три преработки на песна со наслов „Кога бев млад", и исто толку од „За добрите стари времињa“. Вака-така, пак добро изгледаме ко за менталните години.

Рецепт за секоја можна модерна поп песна

Видеово е од човек кој пред неколку години ладнокрвно го растресе комплетниот еснаф на поп музиката, и како во показна вежба (нит сте битни, нит нешто посебно ве бива) зема една фолк песна напишана од релативно непозната девојка, ја модификуваше и ја аранжираше како поп песна, која на крај заврши како глобален поп феномен (барем привремено) и со речиси 700 милиони прегледувања на ЈуТјуб. Песната е "Call me maybe", пејачката е Карли Реј Џепсен, а човекот што го направи ова е Џош Ремзи. Сега Ремзи, заедно со својот бенд Марианас тренч, го објавуваат рецептот за правење поп песни.

Четвртина век од Nothing Compares 2U

Пред 25 години Шинед О' Конор зема песна од Принц, сними наједноставен спот на светот и одеднаш и песната и спотот станаа едни од најпознатите поп продукти на сите времиња. Неодамна пејачката соопшти дека нема веќе да ја пее таа песна.  

(Речиси) загубената приказна за камбоџанскиот рокенрол

И до сега сме пишувале за необични музички документарци, како оној за пионерот на електронската музика Вилијам Онјебор, како и за прото-панк бендот „Смрт" кој воскресна преку документарец сличен на оној за Шугармен. Сега нов филм ја документира историјата на живата музичка сцена во Камбоџа, пред Црвените кмери.

Те једно те исто

Повозрасните мрчатори обожаваат да тврдат дека денешната музика е досадна, безвкусна и дека сè звучи некако слично. Истражување покажа дека се многу во право.