Песната е напишана од Принц во средината на 80-тите години кога тој го формира 'футуристичкиот соул бенд' The Family и се наоѓа на нивниот прв и последен албум.
Верзијата на О' Конор е издадена во 1990-та година, во април стигнува на врвот и станува една од трите песни кои таа година ќе се задржат месец дена на Билборд 100 топ листата (другите две се на Мараја Кери и Стиви Би).
"Она што е спот требаше да биде само дел од видеото. Но песната ме потсети на мојата мајка која почина три години претходно.... Ми се случи емотивна конекција која не ја очекував - тоа не ми се случи кога песната ја пеев, само кога ме снимаа за спот. Седев таму, мислев на мојата мајка и едвај се воздржував да не рикнам од плачење", вели Шинед.
Минатиот месец преку Фејсбук најави дека нема пoвеќе да ја пее оваа песна бидејќи во себе го исцрпела сиот материјал кој може да ѝ ја даде потребната емоција на хитот кој сите ѝ го бараат.
Ролинг Стоун ја смести песната на 165-то место на ТОП 500-те најдобри песни на сите времиња (меѓу "Bohemian Rhapsody" на Квин и "I Can't Stop Loving You" на Реј Чарлс) а на слична листа на Билборд, Nothing Compares To You на наоѓа на 87-мата позиција.
Инаку, се имаат запознато со Принц и уште на прв поглед не можеле да се поднесат. Некаде пред 5-6 години Шинед откри дека Принц ѝ приговарал заради тоа што многу пцуе во интервјуата. Му рекла дека може да се ебе.
Шинед О Конор денес: