Mакедонштино, некогаш претешка си за трпење

Емотивна и на моменти бескрајно тажна приказна за едно македонско семејство во Австралија кое се превира и крши поради сексуалноста на синот. Таткото не зборува со него цели 15 години, остатокот од семејството му удира бојкот на синот, пуста мајка е во средина меѓу мажот и чедото...

Ќе ви го раскажеме филмот само до овој момент: стариот легнува болен од рак и такoв, од болничка постела, за синот вика: "Не, ТОЈ не може да се излечи" (?!)

Но, гледајте до крај, документарецот трае 26 минути а прикaзната ја снима човек од нивното семејство, Тони Радевски.

 

4 септември 2015 - 15:10