Од кога фановите на поп-музиката се опседнати со бројки?

Продажба, стримови во прва недела, шанса за платинест албум… Да си фан станува игра на бројки сега.

i-d.vice пишува за Флора, посветен фан на К-поп, чија љубов кон попот започнува со One Direction. Една деценија живот како човек чиј позамашен дел од секојдневието му е зафатен со - идентификување како фан? - знае многу податоци: огромните промени во начинот на кои фановите ги подржуваат своите артисти.

Фановите дебатираат цифри од продажба и редовност на радио отсекогаш, но социјалните мрежи и лесниот пристап до секакви податоци дозволи овој аспект од обожувањето да се унапреди како никогаш досега. „Стримингот ригидно се планира, па тоа создава притисок во супкултурите,“ вели Флора. „Имам видено секакви чудни однесувања - да се бега од часови на денот на пуштањето на албумот, да се крадат телефони и таблети од родителите за стримање.“ Се случува фанови на Тејлор Свифт да одат да ја гњават Били Ајлиш дека продажбата не ѝ одела добро, што порано воопшто не беше битно. Го сакаш тој и тој изведувач и не одиш да ѝ се силиш на конкуренцијата.

Пред ’90-те кога добивме компјутеризиран систем, музичките топ листи беа екстремно нереални. Зависеа од извештаи од продавници и вработени кои можеле да бидат (и често биле) поткупени. Со појавата на стримингот се демократизира процесот и прв пат музичките фанови имаат моќ да влијаат на топ листите без скапата тактика на одење во продавница и купување еден куп цд-ња.

Сепак, фиксацијата на метриките одвлекува од она што треба да биде најважно - самата музика. Луѓето веќе зборуваат за нова музика преку бројки и како да не уживаат во песните и излегува дека самата фан, или „стан“ култура е разведена од уживањето во уметничката вредност.

Сепак, метриката не оди никаде очигледно: атрактивна е за огромен број на луѓе, бидејќи обезбедува објективен, мерлив барометар за квалитет и статус и со ова нуди сигурен начин да победиш во расправија на интернет - особено на Твитер, каде што често се гледаат закачки меѓу ривалски групи на фанови што се гаѓаат со статистика.

Тука лежи разочарувањето - се заборава музиката, а бројките служат за мерење на его. Ако некој се расправа со тебе, а ти имаш бројче што ти го подржува аргументот, тешко ќе биде да ти врати. А во денешно време има ли подобар начин да му врзеш виртуелен шамар на ривал од презентирање на објективен, неоспорлив доказ?

7 октомври 2021 - 10:36