
Денес, голем дел од модната инспирација доаѓа преку компјутери кои постојано ни предлагаат што би можело да ни се допадне. Прашањето е колку од тие предлози навистина го одразуваат нашиот вкус, а колку постепено го обликуваат. Платформи како Инстаграм, Пинтерест и ТикТок создадоа бесконечен каталог на естетики, комбинации и стилски идентитети. Од clean girl до old money, сите трендови мачат со свои правила, бои, материјали и препознатливи парчиња, а она што некогаш беше индивидуален избор сега е просто готов визуелен концепт што може само да се преземе, да се ископира.

Алгоритмот цело време нѐ држи за раче: Ако неколку пати погледнеме минималистички комбинации, наскоро нашиот дигитален простор ќе биде исполнет со слични силуети, палети и модни препораки. Со тек на време, повторувањето може да создаде впечаток дека одреден изглед е попривлечен, порелевантен или попопуларен отколку што навистина е, па настанува необичен парадокс. Никогаш претходно не сме имале пристап до толку разновидна модна инспирација, а одредени комбинации да се повторуваат со неверојатна доследност.
Тоа не значи дека дигиталните платформи ја уништуваат индивидуалноста - напротив - можат да ни помогнат да откриеме стилови и дизајнери до кои инаку никогаш не би стигнале. Не, проблем имаме кога инспирацијата постепено се претвора во очекување, а личниот вкус во постојано адаптирање на она што го гледаме на екранот.
Денес на пример би било интересен моден експеримент само да престанеме да бараме инспирација на интернет. Модни уредници советуваат дека наместо тоа, можеби треба да погледнеме во плакар - истиот што плакар порано се полнеше од телевизија и списанија. И ако копаме по тоа што веќе го имаме, сигурно ќе излезе поавтентична комбинација од нешто сто пати повторено на Пинтерест.