
Фразата „да не бидам премногу дотерана“ сигурно ќе ви се види позната - жените неретко го мислат не само тоа дали одредена комбинација е соодветна за пригодата, туку и дали ќе изгледа како премногу да се потрудиле.
Промената е поврзана со пошироки културни процеси - опуштените правила за облекување на работните места, популарноста на спортската облека во секојдневието и влијанието на дигиталната култура придонесоа формалниот изглед да стане помалку задолжителен. Додај една пандемија - и дополнително се зацврсти идејата дека удобноста може (и мора?) да има предност пред традиционалните кодови на облекување.
И уште нешто ни стана важно во меѓувреме: желбата да не изгледаме како премногу да ни е важно што мислат другите.
Денес се цени спонтаност, па видлива амбиција да изгледаш убаво може погрешно да се толкува. Магичен и доста глуп круг е тоа - сакаш да се потрудиш да мислат луѓето дека не си вложил многу труд и дека не ти е важно што мислат истите луѓе што ти е важно што мислат. Затоа лежерноста станува своевиден општествен код, а ненаметливоста добива на цена.
Секако, ослободувањето од строгите правила на облекување има многу предности. Денес сме пораат во изборот на удобни комбинации и нема да нѐ кара „општеството“ дека не пазиме. Сакаш високи штикли - носи, сакаш да излезеш во хеланки - ако. Сѐ помалку луѓе останаа што внимаваат и што судат, па од тај аспект веројатно малку се смируваме.
И на крај, некако доаѓаме и до заклучок поинаков од насловот - барем живееме во време кога модата е толку „распашана команда“, што не можеш ни да бидеш предотеран, ни да претераш со пижамите - сè додека е изгледа добро.
Особено во земја каде што на премиери се оди во патичиња.