Џејмс Блант има нешто што Ролинг Стоунс немаат

Изјава што може да се сфати и како „Ролинг Стоунс можат вода да ми носат“ има дадено Џејмс Блант. Оној, со гласчето, You’re beautiful; 15 години откако го освои светот на поп-музиката со фалсето, бос во снег.

Пред 15 години, Џејмс Блант сними албум со сингл што тешко дека некој нема да го препознае. Потоа почна да го снемува, но без разлика, песната остана да им текнува на луѓето повремено. И незапирлива беше - беше прво место на топ листи во Америка и помина цели 38 недели на нив.

Доби и пет номинации за Греми скоро две години после песната, но повеќето не ни паметат дека имал номинации за High или за Goodbye My Lover. Не паметат дека имал уште четири студиски албуми после тоа.

Ама звуците на You’re Beautiful ги паметат, сосе фригидниот спот.

Еве, веќе ви се врти во глава песната, признајте.

Но, не е многу потресен што никако да го надмине хитот.

„Повеќето музичари и бендови го бараат тој еден голем хит,“ вели Блант. „Знаете, мислам дека Ролинг Стоунс уште бараат, а јас имав среќа веќе да го извадам, на врвот на кариерата.“

Изјавата е храбра, но не е така дрска како што звучи. Тој вели дека имал среќа што имал таков сингл.

А не значи дека успехот со You’re Beautiful не дошол со свои предизвици. По пат, некои луѓе го имаат земено успехот на песната и навидум сериозната персона на Блант, па ги имаат измешано и претворено во шега. Во 2014, Блант буквално се извини што „со сила им ја бута“ песната на луѓето.

А потоа доаѓа на Твитер каде што се истакнува како мастер-трол и ја презема палката од сите тролови што нему му се качуваа на глава.

„Иронично е што само кога пишувам песни, не за публика, туку за себе и за моит најблиски, тогаш станува автентично и искрено,“ вели тој.

Не мисли дека на најновиот албум има нова You’re Beautiful.

„И да сакам, не можам да напишам таква, секако. Наместо тоа, ќе пишувам тоа што ми одговара.“

1 август 2022 - 00:01