Видеово е од човек кој пред неколку години ладнокрвно го растресе комплетниот еснаф на поп музиката, и како во показна вежба (нит сте битни, нит нешто посебно ве бива) зема една фолк песна напишана од релативно непозната девојка, ја модификуваше и ја аранжираше како поп песна, која на крај заврши како глобален поп феномен (барем привремено) и со речиси 700 милиони прегледувања на ЈуТјуб. Песната е "Call me maybe", пејачката е Карли Реј Џепсен, а човекот што го направи ова е Џош Ремзи. Сега Ремзи, заедно со својот бенд Марианас тренч, го објавуваат рецептот за правење поп песни.