Симболот на женската сензуалност и нејзината урбана еманципација од јаремот на селото полнат 75 години. Во далечната 1939-та година, на една светска изложба претставени се како револуционерно откритие, заедно со фотографијата во боја, телевизорот и клима- уредот. Веќе првата година прават чудо - продадени се во 64 милиони пара во САД по што машките фантазии веќе никогаш нема да бидат исти.