„Чекачка музика“ е онаа што ја пуштаат на линиите на кои обично се јавуваме со жалба, поплака или прашање, и која нè нервира бидејќи колку повеќе трае, толку повеќе губиме од скапоценото време. Еден човек се з’гнал да дознае која е мелодијата што постојано ја слушал кога се јавувал по лекари.
Од тоа кога некој го пее зборот „ниско“ во низок тоналитет, до посуптилни aсоцијации кои се разбирливи само ако се знае малку музичка теорија, ова е интересна техника која е почеста отколку што се очекува.
Се вика Конгтонг и се наоѓа недалеку од границата со Бангладеш. Сите во ова село си имаат име во форма на музика - краткото е за довикување кога човекот е во близина, долгото ако е кај комшиите или во џунглата.
Има мелодии што те тераат да држиш ритам со глава, или да шизиш (макар и во себе), и толку „лепат“ што стиховите во нив се изговараат по автоматизам, без навлегување во нивното значење. А всушност во сето тоа „опа-иха“ има многу мрак.
Зинедин Зидан еднаш изјавил дека нема фудбалер кој рамнодушно ја слуша химната на Лига на шампиони. „Просто е магија. Дури и ако си фудбалер кој гледа од дома, оваа песна ќе ти го привлече вниманието“, рекол Зизу.
Навивачките групи од цел свет може да се тегнат на тема: клуб, религија, вера, бои, политичка определба и слично. Но во едно се единствени - Аргентинците од Сан Лоренцо ги имаат најубавите преработки на песни. Овојпат ја фатија Wonderwal од Oasis.
Повозрасните мрчатори обожаваат да тврдат дека денешната музика е досадна, безвкусна и дека сè звучи некако слично. Истражување покажа дека се многу во право.