Таг: рокенрол

Mузеј на „новиот бран“ во Загреб

Замислен е како омаж на „Азра“, „Хуастор“, „Филм“ и другите бендови од 1980-тите. Музејот на новиот бран беше отворен на 4 ноември и се наоѓа во двор во Влашка улица во Загреб, во самиот центар на градот. Пред него стои паркиран „стојадин“, кој служи и како шанк.

Фотограф чии 3.200 неразвиени филмови ја содржат историјата на рокенролот

Чарлс Даниелс ги фотографирал славните рокери како Џими Хендрикс, Род Стујард или Френк Запа, од крајот на 1960-тите. Сепак, десетици илјади негови фотографии никогаш не ја виделе светлината на денот.

Човекот кој ги пере валканите алишта на славните музичари

Во раните 1980-ти еден западногермански музички фан дошол до генијална идеја - да им ги пере алиштата на ѕвездите. Така се родила Рокенрол пералницата.

Почина Фетс Домино, рокенрол легенда

Неговиот буги-вуги пијано стил помогна во воспоставувањето на раниот рокенрол од 1950-тите. Од него велат бил поголем единствено Елвис Присли.

Како е да си мајка на рок ѕвезда?

Нејзиниот син, Дејв Грол, од Фу Фајтерс и претходно од Нирвана, сигурно ѝ дал многу поводи за гордост, но и за секирации. Можеби како некој вид терапија, жената одлучила да ги спореди своите искуства со други жени во истата ситуација. Резултатот е книга за овие „рок мајки“.

На денешен ден не умре Елвис Присли

Да, попрецизно е Пресли наместо Присли ама така го имаме завикано. И да, попрецизно е да се каже дека на денешен во 1977 година Кралот умре, на 42 годишна возраст. Само што не ни се верува. 

Како српскиот гувернер на Илиноис го засака рокот

Се вика Род Благојевиќ, по потекло е од Србија и е поранешен гувернер на Илиноис. Сега има баталено политика и ја свири Jailhouse Rock, од она место од кое таа песна звучи најуверливо. Судот му дозволи да вежба 14 години.

1971 била најдобрата година за рокенрол

Заради приватни причини имаме причина да го делиме ова мислење на музичкиот новинар Дејвид Хепворт, изнесена во негова нова книга. Ама годината си е јака, исто како и музиката создадена во тоа време. 

13 варијации на тема „секс, дрога и рокенрол"

Ова е хедонистичкото тројство кое на многумина им го скрати животот. Но познатата изрека има своја историска позадина и локални варијанти во различни јазици, кои звучат не загрозувачки, туку животно продолжувачки.

Цепелин, Џоплин и Хендрикс на виолончело

Финтата на свирење кавери на овој инструмент како да се потроши по успехот на метал-челата на Апокалиптика или на хрватските 2Cellos и нивните обработки на Мајкл Џексон или AC/DC. Но освен што жена на виолончело е многу посекси, Maja Беисер (Maya Beiser) е и повеќе по стариот добар рокенрол.

Оџата што рока

Има 42 години и службено работи како оџа во едно турско село, каде што им служи на околу 15 муслимански семејства. Она по што е многу попознат е неговата работа надвор од џамијата, како фронтмен на рокенрол бенд.

Рокенрол гранапџии

Пиво, вино и други начини на кои рокерите ги одржуваат своите приходи откако престанаа да продаваат музика.

Инстаграмирање на рокенролот

Кога Џони Кеш денес би бил жив,дали би се смарал со интернетот и со циркуси како Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Како за споредба ги имаме Ролинг Стоунс кои секогаш се живи, а тие користат и Фејсбук и Инстаграм.

Те једно те исто

Повозрасните мрчатори обожаваат да тврдат дека денешната музика е досадна, безвкусна и дека сè звучи некако слично. Истражување покажа дека се многу во право.

Историја на рокенрол

Нема муабет, 100 рокенрол песни, 100 рифови. Еден по друг, во серија, без одмор.

Староста е новата младост

Заборавете го сексот и дрогата - ако на своите почетоци рокенролот ја славеше младоста, со сите нејзини предизвици, сега, како што стареат неговите херои, тој почнува да се занимава со поинакви теми.