Прв пат употребен во текст во Лајф магазин во 1969, изреката се однесувала на контракултурата за која според авторот имало три свети нешта - секс, дроги и рок. Две години подоцна, репортер на британскиот Спектатор исто така се обидел да ги опише тогашните млади генерации велејќи: „Не за џабе денешната младина се карактеризира со секс, дроги и рокенрол".
Но фразата се популаризирала во 1977, кога Јан Дјури ја издал неговата антологиска истоимена песна, во која трите зборови се повторуваат како мантра со педагошки несоодветна содржина ("s&d&r'nroll...is all my brain and body needs").
Но ова е всушност само варијација на многу постар список на најважните работи во животот - „Вино, жени и песна". Ваквите тросложни изреки се нарекуваат „ендиатриси" - стилска фигура која користи три зборови или фрази за така да ја направи полесна за памтење. Иако не е сосема јасно кој ја сковал оригиналната фраза, таа најверојатно потекнува од германски стихови објавени во осумнаесетиот век:
"Wer nicht liebt Wein, Weib und Gesang, der bleibt ein Narr sein Leben lang." (Кој не сака вино, жени и песна, останува будала цел живот)
Иако некои ја припишуваат оваа изрека на Мартин Лутер, други сметаат дека германскиот писател Јохан Хајнрих Вос ја употребил прв. Она што со сигурност се знае е дека во 1839 германската изрека прв пат се појавила во англиско списание, а била наведена како цитат од Лутер.
Истата ја има дури и во првичната германска национална химна, а таа се среќава и во куп песни и стихови, во оригинал или како во варијацијата на Џон Китс, „Дајте ми жени, вино и за шмркање" од 1817, при што „шмркање" подразбира тутун кој се консумирал на овој начин, а кој очигледно во неговиот свет имал предност пред музиката.
Некои од другите варијации на формулата „забранети супстанци"+„жени"+„музика" се:
1. полски: Wino, kobiety i śpiew ("вино, жени и пеење")
2. фински : Viini, laulu ja naiset ("вино, песна и жени")
3. санскрит/хинди: Sur, Sura, Sundari ("музика, вино и жени")
4. португалски: Putas, música e vinho verde ("курви, музика и зелено вино")
5. дански: Vin, kvinder og sang ("вино, жени и песна")
6. чешки: Ženy, víno a zpěv ("жени, вино и пеење")
7. норвешки: Piker, vin og sang ("девојки, вино и песна")
8. германски: Wein, Weib und Gesang ("вино, жени и пеење")
9. шведски: Vin, kvinnor och sång ("вино, жени и песна")
10. Georgian: ღვინო, დუდუკი, ქალები ("вино, гајди и жени")
11. италијански: Bacco, tabacco e Venere ("Бахус, тутун и Венера")
12. турски: At, Avrat, Silah ("коњи, жени и оружје")
13. бугарски: Пиене, ядене и някоя сгодна женица ("пиење, јадење и некоја згодна женичка")
Во нашиот фолклор, пак, за да се биде прогласен за „стар џумбушлија" доволен е и самиот еден елемент од равенката - дајте му нему вино, ракија. За потребите на жените од вино, мажи и музика никој во споменатите култури нема соодветна изрека.
Извор: Ментал Флос