Таг: жени

Музика за жени: раѓањето на „лесните ноти“

Целна група на радио формат од 1970-тите била „женската душа“, а нејзе продуцентите ѝ се обраќале со музички ре-аранжмани кои содржеле помеки и понежни (женски?) верзии од популарните хитови на тоа време. 

Она-Бугејша: бестрашните жени-самураи

Mногу пред Западот да почне да ги прикажува јапонските воини исклучиво како мажи, постоела импресивна група жени-самураи познати како „Она-бугејша“, што во буквален превод значи женски воен уметник.

3-2-1, печати!: женските трки во словослагање

Сопствениците на печатници ги нарекувале „Д сфивтс“ (брзите) поради нивната генерална физичка кондиција, но и поради прецизноста во сложувањето поединечни букви во зборови. Својата вештина можеле да ја измерат и на натпревар, кој прв пат бил одржан при крајот на 19 век во Бостон.

Туберкулоза, олово и корсети

Најбизарните трендови за убавина од викторијанско време. Некои биле и за умирање.

Првата банка која била отворена само за жени

На 26 август 1920, во САД бил изгласан 19-тиот амандман на Уставот, кој прв пат им овозможил на жените да гласаат. Но дури и овој чекор не обезбедил рамноправност - еден од најголемите предизвици на жените од тоа време всушност бил економскиот, односно потребата за контрола над сопствените пари.

Американските женски клубови за одгледување патлиџани

На почетокот на 20 век, „Доматните клубови“ биле начин младите девојки да се образуваат во областа на земјоделието, но и да се здобијат со вештини кои им овозможувале приход и поголема независност.

Хакови за жени

Редит е толку корисна работа. Се собираат жени под еден пост, „Што ви е најкористен хак во животот како жени?“ и создаваат една нишка полна финти што те тераат да речеш „како не ми текнало порано?“

Жените ги боли глава два пати почесто од мажите

Главоболките се ужасна досада, а нарушувањата поврзани со нив ги има многу често. Анализирајќи податоци од 357 претходни истражувања кои ја мерат честоста на нарушувањата со главоболки, научници доаѓаат до заклучок дека повеќе од половина од светската популација страдаат од некаква состојба, како мигрена или главоболки поради притисок.

Жени, ако сте биле во Париз пред 2013 и сте носеле панталони, сте го кршеле законот

Поврзаноста на Франција и високата мода е стара со векови. Според историчарите, Франција не произведувала многу луксузна роба кога кралот Луи XIV го наследил тронот во 1643, но тогаш се менува ова.

Паметните жени потешко се мажат

И си има најозбилна статистика за ова.

Жени, го бричите ли лицето?

Звучи страшно, ама неколку години веќе се промовира ова решение за отстранување влакна и ексфолијација. А толку отпор има, што постојано и некој се труди да ги вразуми жените дека е време да почнат да се бричат.

„Пијаната жена е ко улава свиња“: нова книга за жените и алкохолот

Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.

Зошто ќе продолжам да викам „бремени жени“

Важно е да се биде инклузивен. Но не е најважно.

Плукани и каменувани: паниката од жени во бели мантили

На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.

Телото по 50-тата: фотографско претставување на женското зреење

Во тек на една година, Понч Хокс фотографиралa повеќе од 400 голи жени на возраст од над 50 години, како обид за решавање на еден проблем - тoa што генерално не знаеме како изгледаат телата на постарите жени, кои поп културата и рекламите често ги претставуваат како само малку по „изабена“ верзија на оние младите.

Во Иран после 40 години жените ќе можат слободно да одат на стадион

А за вакво нешто да се случи, требаше стотици млади девојки и жени да бидат приведувани, претресувани и апсени, а една девојка и да се сапозапали откако била осудена што влегла на стадион.

Две атлетичарки во Кина многу личат на мажи, но федерацијата проверила и демантира

Атлетиката се соочува со нов полов скандал. На државното првенство во Кина јавноста забележила необичен пар учеснички и се кренала голема врева околу тоа.

Koга здравјето зависи од зборови

Светот на рекламите и маркетингот ни асоцира на конзумеризам, манипулација, генерално лага и измама. И ова е честа тема за расправа со пријатели кои работат во овие сектори. Но со една реклама успеаа за момент да нè замислат, дека можеби понекогаш, само понекогаш, е поинаку.

6 композиторки подзаборавени од историјата

Во времињата во кои живееле не било вообичаено жените да си го „губат“ времето професионално занимавајќи се со музика. Но времињата се смениле, а токму тие го отвориле патот за таквата промена.

Каде отиде терминот „против стареење“?

Со целото поместување околу тоа што смееш а што не смееш да кажеш за да не навредиш некого, полека од употреба се укинува терминот „против стареење“, што не значи дека се укинуваат и производите туку само нивната номенклатура.

Во Иран не пуштале жени на стадион, а Иранките во Русија славеа без хиџаб

Иако Иран важи за делумно послободоумна држава во целото нејзино опкружување, жените во оваа земја патат од неколку забрани.

Приказната за кралицата на билијардот

Еден јануарски ден во 1938, слабичка жена со големи очи по име Рут МекГинис влегла во Аркадија, салон за билијард во Вашингтон, каде шестмина од најпознатите играчи во регионот чекале да играат со неа. Таа ги напудрила рацете, одбрала штека, и почнала еден по еден да ги елминира присутните мажи.

„Дамите имаат предност“ (Ladies first, 2018)

Краток документарец чија премиера на Нетфликс се случи на 8 март, зборува за некогашната светска шампионка во стреличарство и нејзината неверојатно инспиративна приказна. Во која дамите немаат секогаш предност.

Светските затвори под навала од жени

Битката за рамноправност и родова застапеност знае да произведе чудни нуспојави. Додека машката затворска популација го следи општиот прираст на населението, бројот на жени зад решетки постигнува галопирачки трендови.