- Тие што користите гел за бричење што доаѓа во алуминиумска амбалажа - пред да го ставите во туш кабина, поминете го дното со безбоен лак за нокти за да не ви остава кругови од рѓа.
- Чувајте резервна ташна или несесер со основни тоалетни работи во кола. Дезодоранс, парфем, основни парчиња шминка, чистач за очила, мини четка за заби и паста, пари, мала четка за коса. Може да ве спаси многу пати - непланирани состаноци, непланирано спиење кај роднини или после дејт.
- Сите мерки на телото имајте ги запишани во апликација за забелешки на телефон - така, кога пазарите на интернет, секогаш ви се при рака.
- Купувајте машки жилети - поевтини се и подобро работат.
- Ако одите во маркет по неколку работи, не земајте ни количка ни корпа - ќе се воздржите од додавање непотребни производи што не ви се планирани.
- Чувајте лабело и тампон на повеќето локации каде што често се наоѓате.
- Планирајте си пари за педикир, масажи, фризер и депилација. Ако ви е убаво тоа, планирајте. Многу е важно да се грижите за себе.
- Не купувајте пена за бричење, користете евтин регенератор. Подобро ја врши работата и плус ја навлажнува кожата.
- Кога не можете да истискате веќе производ во туба, пресечете ја со ножици. Може да има внатре уште за неколку дена.
- Сошијте ги прерамките на градникот таму каде што ви одговараат. Нема веќе да се отпуштаат и да паѓаат.
- Ако сте невработени/работите од дома/учите - истуширајте се и облечете се. Помага многу во однос на продуктивност.
- Научете ја моќта на „не“. Поставете граници, ќе ви се промени животот.
- Натопете памук во есенција од ванила и прикачете го кај решетките за клима во кола. Со месеци ќе ви мириса добро колата.
- Секогаш имајте облека за итни случаи во кола.
- Секогаш мочајте после секс.