Бјути инспирација: Туберкулоза
Туберкулозата била фатална болест во викторијанската ера - предизвикувала создавање на јазли во белите дробови, кои со тек на време влијаеле на дишењето и на крај пациентот умирал. Сепак, во тоа време, на жените им се допаѓал изгледот кој го предизвикувала болештината - бледо лице, тенок струк и црвени усни и образи. Всушност, толку многу им се допаѓало, што намерно се заразувале со болеста за да бидат поубави.
Тренд: Бањање со арсен
Пак за тоа пусто бледило, арсенот, што сега знаеме дека отров, се користел за бањање. Идеалот бил тој, богатите жени не морале да работат на отворено, и со чадорчиња за заштита од сонце посетувале специјални бањи со арсен.
Инспирација: Олово
И не само со олово - и со радиум малку. Ако имале несовршености на кожата, ставале лосиони, бои за лице и пудри, но проблемот бил што шминките се правеле од олово и радиум, а жените не сфаќале дека и двете состојки им се пробиваат низ кожата и ги трујат.
Што ќе ти се органи на право место
Идеалната викторијанска жена имала облини како песочен часовник, а бидејќи повеќето жени не биле градени така, им била потребна илузија за мал струк. Затоа носеле многу тесни корсети со часови, секој ден. Ова предизвикувало трајни деформитети, недостаток на здив, дури и гушење ако белите дробови не можеле да дојдат до доволно кислород.
Диета: Наполитанки со арсен
Денес не можеш да видиш арсен на полица во продавница, освен ако не е отров за глувци, дури и за глувците има похумани решенија. Но, во викторијанско време, пред да сфатат дека е опасно и пред Администрацијата за храна и лекови, се продавале наполитанки со арсен. Зошто? Пак заради таа бледа, прозирна кожа.
Шминкаме очи со жива
Кога требало да го насочат вниманието кон нивните очи, жените користеле моливи за очи и сенки, со мал проблем: содржеле жива, олово и антимон оксид - сите до едно опасни за организмот. Живата на пример предизвикува оштетување на бубрезите, а антимон оксид-от е канцероген.
Отров наместо капки за очи
Растението nightshade (на македонски можеби зрнци?) се меѓу најотровните растенија на светот и една од реакциите што ги имаме на нив е ширење на зениците. И може веќе ви текнува - некој одлучил дека проширени зеници се модерни, па пред да излезат жените си капеле од овој отров во очи.
Среќа, па денес не се бркаат трендови така слепо.
Oh, wait.