Таг: мода

Моден цар на денот

Прво ти е убаво на душата дека некој е толку посветен на мода + практичност што успева да направи одлично парче што потоа се преправа во две одлични парчиња. Второ, мажи, обрнете внимание. Не се само маици и бермуди на светов. А не се ни само мокасини со тесни фармерчиња до колена за дотерување.

Туберкулоза, олово и корсети

Најбизарните трендови за убавина од викторијанско време. Некои биле и за умирање.

Зошто Кери Бредшо носи Форевер 21?

Почнаа да излегуваат слики од снимањето на втората сезона на „И едноставно така...“ и гледачите се нешто збунети.

Баленсијага ќе се вади со тужба

Баленсијага „ги најде одговорните“ за ужасната кампања како што вети и сега бара 25 милиони долари оштета.

„Грдо-шик“: Приказната за Прада

Мијуча Прада е еден од највлијателните и најенигматични дизајнери на нашево време. Речиси четири децении нè части со нејзината умешност за креирање трендови, а со нејзиниот ЦЕО партнер Патрицио Бертели го има трансфомирано малиот семеен бизнис во една од најпознатите модни куќи во светот, вредна повеќе милијарди долари.

Живот преку мода: Алекса Чанг

Британски Вог и една од неговите омилени.

Модерно е бапски џемпер

Прашајте ја Џеј Ло, која деновиве е на меден месец со Бен Афлек во Париз и медиумите нè отекоа начисто.

Имаш панталони со низок струк и имаш Џулија Фокс

Чудото на природата наречено Џулија „I actually did it myself“ Фокс не престанува да шокира дури и свет навикнат на секакви бизарности како Холивуд и медиумите што го пратат.

Модни лекции од Хрватска и Португалија

Е, не е саде Париз, точно. Јутјуберка конечно се сели во Европа и после 4 месеци живот, има научено фини модни филозофии.

Што облекуваат парижаните во јули?

Ни идат ужасни 40-ки. Радо би без кожа да се шетаме, а не па да мислиме на облека. Ама ете, за кога ќе дојдат ситните 36 степени - инспирација за по улици.

Модна инспирација: гилотина

Во врвот на револуцијата, Франција едноставно го губи умот - „Владеењето на теророт“ било баш толку страшно колку што звучи. Револуционерните политичари како Максимилијан Робеспјер обвинуваат што стигнат за предавство на новата република и околу 16.500 луѓе годишно гинат на гилотина. И во целиот тој хаос, како што обично бива - модата не спие.

Ако си тип што има волја и време за марами

Има жени што се вечно средени, фенирани, дотерани и за до продавница и за до комшилук. И има жени кои не. Видеово не е за вториве.

Како се носеше Присила Присли

„Елвис“ почнува да се шета по платна ширум светот, ама Елвис не е тука да раскаже нешто за неговиот изглед низ годините. Затоа, Присила е.

Кои чевли излегуваат од мода годинава и што ќе ги замени?

Нема да кажеме многу, освен дека 2022 баш и не може да се пофали со модели за паметење.

Со папучиве што правиме?

Со другарка на почетокот на месецов бевме во Виена. И во таков град, каде што им се вкрстуваат патиштата на луѓе од цел свет, можеш да видиш секаква гардероба.

Историјата на Баленсијага

Баленсијага денес е одговор на времето во кое живееме: бизарно, чудно, сè-може-да-помине, од Икеа кеси до крокс-ташна, а тимот што го движи брендот во моментов како да ги тестира границите на човечката естетика и желба за луксуз. Но, не беше секогаш така.

Модните писти се повторно бизарни

Дали надреални времиња бараат надреална гардероба?

Баленсијага да гледа и да плаче

Кинезите го дешифрираа кодот на скапите брендови.

Жената зад златните фустани на Климт

Слика од Густав Климт се познава од далеку - портретите со златни фустани, инспирирани од Јапонки, еден од нив и инспирација за филмот „Жената во златно“. Денес делата му се продаваат за стотици милиони, особено оние со шарените, скоро психоделични принтови, но прашањето е - постоеле ли стварно? Ако да, кој ги создал?

Му треба ли на еден моден бренд лого?

Затоа што, Ботега Венета инстантно се препознава со меката касета-ташна на огромен билборд.

Можно ли е „кловновско“ да е новата мода?

Ако е за верување модниот Тикток, живеевме во свет на кловнови. Хаштагот #clowncore има 210 милиони прегледи и спојува голем број креатори на модни содржини облечени во јаки примарни бои, мешани дезени и принтови и претерани текстури.

Жени, ако сте биле во Париз пред 2013 и сте носеле панталони, сте го кршеле законот

Поврзаноста на Франција и високата мода е стара со векови. Според историчарите, Франција не произведувала многу луксузна роба кога кралот Луи XIV го наследил тронот во 1643, но тогаш се менува ова.