Иако за модата неправедно се смета дека се бави со површината на работите, едноставно - не е така. Последниве неколку сезони, модниот свет станува чуден, комичен и бизарен - почнете од екс-ју-видните кампањи на Гучи, или чудесиите што константно ни ги приредува Баленсијага.
Поентата што сакаат да ја постигнат е очигледна - за вечната потрага по уникатноста.
Денес имаме премногу од сѐ, од инсистирање на виралност, до грдо или бапско-шик, а на најновите модни претстави - наопачки штикли, ташни што личат на торзо и фустани како колички-играчки.