Таг: мода

Култниот француски моден бренд за кој немате слушнато

Нели повеќе ви се оди во стилизирано ателје, што повеќе личи на стан каде што ти е пријатно да седиш на гости, отколку во продавница?

Сан Лоран донесе меко, секси и (лажно) крзнено

Ако сте од тие што попрво би оделе голи отколку да носат крзно, можете да носите Сан Лоран. Од лани објавија дека се откажуваат од него, а оваа година пуштија колекција полна лажни кожи и крзно што изгледаат како што треба да изгледа Сан Лоран - а ниедно животно нема загинато.

Како пандемијата ја промени иднината на градникот?

Во последниве две години, продажбата на фармерки, штикли и формална облека руши рекорди во паѓање. Пандемијата донесе нова униформа, каде што сè што е неудобно или дотерувачко за кратко време го снемува, па не е ни чудо што луѓето шпекулираат дека градникот - едно од најиритантните парчиња во гардероберот на секоја жена - е на раб на исчезнување.

Сара Џесика Паркер дискутира животни модни комбинации

Некои работи едноставно не ги сфаќа, ама сме биле во таква ситуација: Наоѓаш слика од пред 20 години, со идиотски наочари, пластичен накит и панталони со чуден крој и не ти е јасно како е можно. И Сара Џесика Паркер така, ама нејзиното не е само пред локално диско, пред светот е.

Мудроста на Тиери Муглер

Познат беше по лудиот, разигран стил и уметнички моден дизајн, што ги растресе мирните, бизнис-ориентирани ’80-ти. Ризикувањето му беше дел од ДНК и влијаеше на многу дизајнери од поново време, од Виктор и Ролф, до Џереми Скот.

Зошто никој не може да ги „откаже“ Долче и Габана?

Стефано Габана и Доменико Долче, и покрај нивната контроверзна историја, како да се имуни на последици, особено такви на какви што сме навикнати во последно време. Во Вог имаше и наслов: „Дури ни апокалиптично невреме не може да го откаже шоуто на Долче и Габана“, а во Ел рекоа дека имало „изненадување со виножито што го обои небото“. Харперс Базар рече дека било „епско“.

Не давајте пари на (скапи) глупости

Без разлика дали живеете со мал буџет, или сте кадарни да инвестирате во бренд, постојат работи што едноставно - не вредат за парите.

Какви трендови им се гледаат на парижаните во 2022?

Без разлика дали ќе им се остварат желбите, барем имаме идеи.

Сеќавање на Андре Леон Тали

Тали беше американски моден новинар, стилист, креативен директор и editor-at-large на Вог. Од 1983 до 1987 бил уредник на модните вести, па прв црнец-креативен директор од 1988 до 1995 и на крај, editor-at-large од 1998 до 2013. Препознатлив по своите кафтани и екстравагантни комбинации, редовно беше во прв ред на сите важни ревии како еден од претставниците на Вог.

Почина Нино Черути

На 91 година се одјави еден од великаните на италијанската мода.

Да не го заборавиме таткото на унисекс-модата

Денес Хари Стајлс, претходно (и сè уште) Дајен Китон - имиња познати на секоја генерација, што постојано се посветени на мода што ја надминува родовата бинарност. Брендовите забележуваат и учат, но долго пред да стане мејнстрим, во 1960-те „на власт“ бил Руди Гернрајх - еврејски бегалец од Австрија, кој до денес останува еден од највлијателните авангардни дизајнери.

Марк Џејкобс за накит, Студио 54 и други занимливости

Американскиот моден дизајнер дискутира и за потеклото на фразата „Појадок кај Тифани“.

11 најдобри зимски чизми за секој ден

Ако пребарате „зимски чизми“ периодов, ќе се соочите со плејада од гумени ѓонови, дебели врвки и практични решенија - чевли што се одлични во техничка смисла, но им фали нешто во стилот. Како треба да изгледаат секојдневните чизми што треба да бидат нешто повеќе од „колку да ти е топло на ногата по улици“?

Облекување „како маж“

Учиме историја за „мажествениот“ стил на женската мода. Во коментарите има бисер: Една жена ја прашува мајка ѝ, родена 1926, што толку било битно и страшно кога жените почнале да носат панталони. Одговорот е, „Затоа што одеа скроз до горе!“, што значи се гледало каде завршуваат нозете, а каде почнува... газ!

Мора да видите колку е јака Адел

Овој пат не заради албумот, не заради гласот, туку заради хипер-фраерскиот став и гардероба на утакмица со дечко ѝ. Ана Винтур пензионирај се, иди си.

Пред дигиталниот плакар на Шер Хоровиц, Марија Антоанета имала гардеробер во книга

Ви текнува на програмот што Шер од Clueless го имаше на компјутер, за испробување комбинации без мачење да се облекува? Е па, долго пред тоа, кралицата Марија Антоанета секое утро се консултирала со Gazette des Atours, компилација од примероци од материјали што го претставувале секое можно парче од нејзиниот неверојатен арсенал на облека, внимателно подредени по боја.

Историјата вели дека штикли носиме затоа што сме идиоти

Штиклите не требало да ги носат жени. Всушност и Лубутан се инспирирани од трендсетер за оваа обувка од пред неколку векови - и гледајте како не напишавме трендсетерКА - затоа што е Луј XIV. Не неговите жени. Донел и закон според кој само членови на неговиот двор смееле да носат штикли со црвени ѓонови, со тоа овозможувајќи да може да се препознае кој му е близок на кралот, а кој не (што не е ни далеку од концептот на Лубутан денес).

Јак ти е каишот, што работиш?

Има Тиктокер, Даниел д Грејтфул се вика, оди по луѓе со брендирана облека и ги прашува што работат. Одговорите се во сите бои и дезени.

Пред молив-сукњата, имало „хобл“

Модата отсекогаш имала способност да ја рефлектира драмата на животот, сосе социјалните норми, политичките и културолошките промени. И меѓу сите корсети, машки штикли, килоти и други обележја на модната историја, се истакнува и „хобл“-сукњата, таква нелогична, контроверзна и чудна.

Евангелие по Инес де ла Фресанж

Вог ја вика „совршената парижанка“. И има неколку советчиња да ни каже.

Надреалистката што прави чудни обувки

Беате Карлсон прво доби внимание на њујоршката модна сцена поради еден газ - поточно, силиконска реплика на задникот на Ким Кардашијан, а го носеше за време на модната недела. Телесната модификација е начинот на кој Карлсон, креативната директорка на брендот Ававав, ги креира новите силуети.

Ајде да ја слушаме Шер како раскажува

Сеедно за што ќе се слуша Шер, ама овој пат е фино што можеме да ја слушаме како ги анализира комбинациите во кои се има појавувано низ историјата (за Шер не одговара само да кажеш „низ годините“).

Зошто сите зборуваат за Фенди и Версаче?

Во време кога го цениме заедништвото наспроти разликите и се поддржуваме во изливи на алтруизам, два бренда од италијанската модна кралска лоза се спојуваат во историски настан за да ја затворат Миланската модна недела.

За кого е всушност модата со политички слогани?

Низ годините, на Мет Гала славните и дизајнерите успевале да протнат политика и социјален коментар во нивниот избор, како Мадона во 2016 со Живанши (за ејџизам и сексизам), или Лина Вејт во 2018 со наметката во вид на виножито-знаме. Сепак, ретко се појавува политичка изјава што може да ти истера очи, или примери на вистински моден активизам.