Кај нас ги викаме „обетки“, а висечката верзија „балерини“. Научното име го добиле по германски лекар и ботаничар. А бојата „фуксија“ првично немала врска со растението.
Историјата на облеката е полна со обиди на владетелите да воспостават правила за тоа што е, а што не е дозволено да носат „обичните“ луѓе. Таквите обиди често комично пропаѓале.
Еден од најбогатите луѓе на светот и најбогатиот Европеец, Бернар Арно е близу до купување на мнозинството акции во Милан. Овие гласини за потенцијална зделка одамна се плетат, но во последните недели се позасилени.
Лионел Меси и официјално влезе во светот на модата. Го претстави брендот за облека Messi во бутикот Santa Eulalia кој посто од 1843 година и кој денес продава Balenciaga, Moncler, Tom Ford и Stone Island. Во овој бутик сега можа да се купи и брендот на Меси.
Се вика Марио Хвала и работи во еминентен фризерски салон во Нови Сад. За него пишуваа најреномираните европски медиуми затоа што човекот прави несекојдневни фризури. Жените кај него плаќале и по 120 евра за свечени фризури.
Целата приказна датира од далечната 1923 година кога француските тенисери играле Дејвис Куп против Австралијците а капитенот на Франција му ветил на Рене Лакост дека ќе му купи куфер од крокодилска кожа ако победи.
Во 1820 во Франција била донесена првата жирафа, по име Зарафа. И самата не била свесна колкаво влијание ќе изврши не само врз зоолошкиот светоглед на тогашните Европејци, туку и врз нивната уметност, мода и ексцентрични фризури.
Егзотичниот турбан на Зејди Смит, наочарите со рамки од жица на Џојс, „банданата“ на Дејвид Фостер Валас - начинот на којшто е облечен некој писател често го отсликува неговото дело. Нова книга ја истражува оваа замислена или реална врска помеѓу авторите, времето во кое тие живееле, и нивниот личен стил на облекување.
За на жените да не им се наметнуваат погрешни идеали кои патем се и штетни за здравјето, во Франција стапи на сила закон со кој се забранува ангажирање претерано слаби и анорексични манекенки.
Модна недела Милано. Како што е ред сите дизјанери, стилисти, модни блогери и секој што некогаш отворил Пинтерест или Тамблр, е дојден на неделата. Секој е дојден со свое непогрешиво мислење и секој без право да каже - не сум чул.
Причината број десет е што ќе го видите животот во вселената. На девето место ќе го ставиме метрото и тоалетите. Има многу повеќе од десет за набројување. Но тоа што ќе се најде на врвот на сите ваши зошто, без разлика на вашата појдовна точка, ќе биде нешто невидливо. Ќе биде нивниот пристап кон малите и големите работи. Ќе биде нивниот модус вивенди кој ќе ве запрепасти. Ќе Биде чувството на колективност кое ќе ве засрами. Еве зашто човек треба барем еднаш во живот да ја види Јапонија.
Ознаките на производите какви што сме ги навикнале, оние од типот "Отсега со повеќе витамин Ц.... со повеќе волумен... со повеќе млеко..." наскоро би можеле да бидат заменети со ветување: "Отсега со повеќе технологија!"
Хафингтон Пост загреба по таблоидното дно на американската сцена па ги потсети трендсетерите од тв шоуто Модна полиција дека не е лошо некогаш да се има усул.
Прво, немој да лажеш. Ако лажеш ќе ти порасне носот како на Пинокио. Второ, немој да лажеш пошто на лагата и се кратки нозете. Трето, не ја кажувај вистината баш секогаш, пред секого, во секоја прилика. Во превод, лажи до јаја.
Точно е дека на сред цел блуд и разврат, ќе бациш и еден куп жаби и романтичните писма ќе завршат во погрешни раце. Нема врска. Сепак можеш да бираш. Ова баба ти не можела. Мајка ти потешко. Ама ти можеш.
И можда нема ни да дојде како што си го замислувал како мал дур ти го раскажувале. Можда нема да дојде со трескавици и грмотевици. Можда ќе дојде како што нема да го замислуваш. Во форма на рака кој ти помага да слезеш од воз или во форма на заскитана порака на некој незачуван број. Во форма на гинеколошки преглед или во форма на оглас за работа. Можда нема ни да приметиш, а веќе ќе биде покрај тебе.
Како за мажи нема многу да се замара со детали. Шест категории се: маички, сандали, очила, часовник, бермуди, кошули. Советите генерално се: да, не и аман немој.
Една од најлошите временски придавки е "годишен". Малку заради оној носталгичен шарм што си го носи во себе, а малку и затоа што сè што е еднаш во годината е некако малку. Годишниот одмор е сигурно на врв на листа на работи кои ми будат тага. Едвај ќе го чекаш, па после како дошол така прошол, за на крај да се вратиш дома расправајќи се со временските придавки.
Секогаш наоѓам нешто за да ми се допаднеш. Некој гест вреден за обожавање, мал, а прекрасен гест за возвишување. И ништо од сето ова што ти го кажувам нема никаква врска со моите гледишта, ниту пак со мојата религиска неопределба. Сè ова е надвор од мене. Ова е прашање на чиста човечка симпатија, која за цел се има самата себе. И не ни знам како поинаку да ти кажам, колку те сакам Франческо?
Ќе бидеш провинцијалец затоа што таков си се родил и таков си израснал. Затоа што ќе те чеша твојот мал град каде што нема да знаеш да ја пуштиш душата, за да не те зборат комшиите, а тоа со тек на време ќе направи од тебе фрустрација од крв и месо. Секогаш ќе сонуваш да живееш во метропола, без никогаш да ја дознаеш осаменоста што може да се осети во милионски град. Затоа што си таков, провинцијалец на кој секогаш ќе му бидат битни приказните на другите.