Кејтлин Кирби од државниот универзитет во Мичиген, катедра за природна околина, на одбраната на својата докторска теза се појавила во необично плисирано здолниште со симболична порака:
„Денес успешно ја одбранив тезата“, напишала таа на Твитер. „Во духот на признавањето и нормализирањето на неуспехот во текот на процесот, тоа го сторив облечена во здолниште направено од писма на одбивање кои ги добивав во текот на изработката на трудот“.
Инспирацијата за вградување на 17-те одбивања во облеката е од епизода на серијата Parks and Recreation во која невестинскиот фустан на еден од женските ликови е направен од новински статии за неа.
Но многу повеќе од некаков перформанс, здолништето на Кирби е дел од тековна кампања која подразбира прифаќање на (привремениот) неуспех како дел од процесот на зреење и растење.
„Целиот процес на соочување со овие стари писма ме потсети дека мора да аплицираш на многу места за да успееш. Прифаќањето и одбивањето често се заснова на традиционални вредности на академијата, а тие знаат да бидат конзервативни и не баш отворени за иновативни пристапи.“
Писмата се одбивања за стипендии, поднесени текстови во академски списанија и предлози за презентации на конференции, кои почнуваат со „За жал“ и „Мораме да ве известиме дека...“.
Во случај идејата да ви се допаѓа, еве како сами да си направите ваков фустан, како обред за помирување со какви и да е одбивања, и нов почеток