Верноста е преценета стока

Точно е дека на сред цел блуд и разврат, ќе бациш и еден куп жаби и романтичните писма ќе завршат во погрешни раце. Нема врска. Сепак можеш да бираш. Ова баба ти не можела. Мајка ти потешко. Ама ти можеш.

Има еден доста клучен момент, без разлика дали сте го направиле или ви го направиле, дали сте пораснале или едноставно сте станале поцинични. Небитно. Сфаќаш дека сите муабети за верност се тотално глупи.

Пред некој ден со пола уво слушам средношколци како зачнуваат тема, како порано љубовта била верна и искрена а денес било само  све само блуд и разврат. Демек денес ние поим сме немале за верна и долговечна љубов.

Ај да видиме.

Фаза еден.
Љубовта на баба ти и на дедо ти, таа што ќе ти ги заебе идеите.
Се раѓаш во едно село, ако имаш многу среќа ќе се омажиш за некој стопан во малку поголемо село. Ќе знаеш триесетина души во цела живеачка. Дали си свршила или не, нема да бидеш прашана. Дали ти било убаво или не, исто нема да биде ставено на дневен ред.
Види, може и да ти се погоди.
Може не.
Ако ти се погоди ќе имаш многу деца, ќе бидеш заоблена, румена и насмеана. Нема прашање на верност и искрена љубов туку просто на општествени услови и склоп на околности.
Вака се сакале баба ми и дедо ми и баба ти и дедо ти.
Фаза два.
Љубовта на мајка ти и татко ти, таа што можда не претрпела невреме.
Мајка ми и татко ми се запознале кога мајка ми ја пратиле да купи паштета. Заедно се од нејзина шеснаеста. Главата да ти се залади од години.
Си давале состанок во пет и се гледале само ако мајка ми успевала да скокне од прозор без да се забие ма колец со патлиџани. Ако не успевала во пет, татко ми ја чекал. До шест или седум.
Па отишол во војска и си пишувале писма. Понекогаш поштите заебувале ствар, ама си се чекале. А моите и твоите се веќе од таа генерација кај што се родиле во едно време, созреале во друго и стареат во трето. Мајка ми повеќе видела од баба ми, повеќе шетала и повеќе прочитала. Да го оставела татко ми, немало да и биде лесно но не и неизводливо, а верноста од насловот нема никаква врска. Пак е прашање на склоп на околности, а не на време и години.
Па така почнува да се ниша идеата дека верноста е хронолошки доказ на љубов.
Фаза три.
Блудна, развратна, непринципиелна генерацијо! Ние.
Ние се бориме со времето во најголемиот дел од времето. Брзо живееме, брзо се запознаваме, брзо се преместување од кол на кол, брзо сакаме и брзо отсакуваме. Денес е лесно да се омажиш колку што е лесно да се разведеш. Пак, верноста е сосема маргинална. Прашање е само на олеснети околности и на поголем избор. Прашањето е многу покомплексно, опфаќа многу сфери, опфаќа прогрес, еманципација, независнот, социјални промени, еволуција и сликата си живееа среќно и весело е потешко остварлива.
Брзината на денешното живеење прави помалку да се жртвувавме за било какви кауза, помалку да трпиме и постојано да очекување.
Наместо да густираме, ждереме живот.

Каква врска има сега верноста на баба ти и твојата. Не се распаѓаме заради разврат денес ниту заради блуд. Не сме без принципи туку имаме повеќе избор. Ако маж ти спиел со некоја калаштура дур бил на патување можеш да го оставиш и око да не ти трепне. Денес е лесно.

Ова може да ти отвори некои нови чакри. И да почнеш да мислиш колку сме среќни што имаме толку избори.Колку е верноста преценета и колку милиони причини има заради кои треба да останеш или колку нема. Не само со маж ти туку било каде.
Знаеме денес да сакаме исто како порано. Можда и повеќе. Посвесно, знаме што сакаме и од кого сакаме, знаме да мислиме и да се отвориме, да одбереме и ниеден избор да не биде погрешен.
Можеме да заминеме од таму каде што не е убаво. Да заминеме заради неверност или заради нелојалност и непочит. Да заминеме од каде што не е возвратено. Да си одиме кога не вреди.
Да одбереме колку вреди. Можеме и да одлучиме да одиме против предрасудите на денешницава. Можеме да не одбереме да не бидеме во тек со времето и наместо тоа нас, да му диктираме ние нему.

Точно е дека на сред цел блуд и разврат, ќе бациш и еден куп жаби и романтичните писма ќе завршат во погрешни раце. Нема врска. Сепак можеш да бираш. Ова баба ти не можела. Мајка ти потешко. Ама ти можеш.

Да одбереш да бидеш таму каде што на срцето му е убаво, топло и природно, а муаебетите за верноста во минатото против не верноста денес да им ги оставиш на средношколците за во градски автобус.

Емили, Италија
emabela@yahoo.com

30 јануари 2014 - 09:17