Таг: станица мода

Изгубена во преводот

Причината број десет е што ќе го видите животот во вселената. На девето место ќе го ставиме метрото и тоалетите. Има многу повеќе од десет за набројување. Но тоа што ќе се најде на врвот на сите ваши зошто, без разлика на вашата појдовна точка, ќе биде нешто невидливо. Ќе биде нивниот пристап кон малите и големите работи. Ќе биде нивниот модус вивенди кој ќе ве запрепасти. Ќе Биде чувството на колективност кое ќе ве засрами.  Еве зашто човек треба барем еднаш во живот да ја види Јапонија.

На лагата ѝ е долг пенисот

Прво, немој да лажеш. Ако лажеш ќе ти порасне носот како на Пинокио. Второ, немој да лажеш пошто на лагата и се кратки нозете.
Трето, не ја кажувај вистината баш секогаш, пред секого, во секоја прилика. Во превод, лажи до јаја.

Верноста е преценета стока

Точно е дека на сред цел блуд и разврат, ќе бациш и еден куп жаби и романтичните писма ќе завршат во погрешни раце. Нема врска. Сепак можеш да бираш. Ова баба ти не можела. Мајка ти потешко. Ама ти можеш.

Најубавото допрва ќе дојде

И можда нема ни да дојде како што си го замислувал како мал дур ти го раскажувале. Можда нема да дојде со трескавици и грмотевици. Можда ќе дојде како што нема да го замислуваш. Во форма на рака кој ти помага да слезеш од воз или во форма на заскитана порака на некој незачуван број. Во форма на гинеколошки преглед или во форма на оглас за работа. Можда нема ни да приметиш, а веќе ќе биде покрај тебе.

Продавам дете за лајк

Сликата на твоето гравче во петти месец на повеќето стотици пријатели на Фејсбук не им значи нешто. Некој ќе ти стаи срце одоздола, некој ќе ти каже браво, некој ќе ти стави лајк. Истиот лајк што се става на безобразен виц, на добра песна, на убава фотографија и на смешен статус. Истиот лајк што ти го ставаш кај годе, кога нешто ти е многу убаво, многу забавно или кога се согласуваш, кога потврдуваш. А ти твојата ехографија ја ставаш на такво ниво. За да ти кренат палец. И ти си подобра од мене. Потрудна и поубава мајка. Ти да, јас не.

Рестарт

Една од најлошите временски придавки е "годишен". Малку заради оној носталгичен шарм што си го носи во себе, а малку и затоа што сè што е еднаш во годината е некако малку. Годишниот одмор е сигурно на врв на листа на работи кои ми будат тага. Едвај ќе го чекаш, па после како дошол така прошол, за на крај да се вратиш дома расправајќи се со временските придавки. 

Мајчин јазик

Еден од моите најголеми стравови е еден ден започнам да заборавам зборови. Дека се будам без да се сеќавам на мајчиниот јазик е еден од моите кошмари.

Те сакам, Франческо

Секогаш наоѓам нешто за да ми се допаднеш. Некој гест вреден за обожавање, мал, а прекрасен гест за возвишување. И ништо од сето ова што ти го кажувам нема никаква врска со моите гледишта, ниту пак со мојата религиска неопределба. Сè ова е надвор од мене. Ова е прашање на чиста човечка симпатија, која за цел се има самата себе. И не ни знам како поинаку да ти кажам, колку те сакам Франческо?

Живот во провинција

Ќе бидеш провинцијалец затоа што таков си се родил и таков си израснал. Затоа што ќе те чеша твојот мал град каде што нема да знаеш да ја пуштиш душата, за да не те зборат комшиите, а тоа со тек на време ќе направи од тебе фрустрација од крв и месо. Секогаш ќе сонуваш да живееш во метропола, без никогаш да ја дознаеш осаменоста што може да се осети во милионски град. Затоа што си таков, провинцијалец на кој секогаш ќе му бидат битни приказните на другите.

Танцувај ако можеш

Бракот е една прилично досадна институција.

Збогум носталгијо

Не знам од кои причини, секогаш замислував дека првата боенка на син ми ќе биде плава. Како оние нашите на времето. Денес бевме да купиме боици. И првата боенка. Се препираме. Држ-не дај. Знаете кој победи?

Енгри брдс.

Љубов според бавчите на Трендо

По една година и кусур дружење, љубов во бавчите на Трендо.

Имам нешто да ти кажам

Денес е ден на мајка ми, а и на мајка ти. Мој, на моите пријателки, на мајките на моите пријателки, на мајка и на мајка ми, на мајка ти стара, молчалива, прекрасна или досадна, зболеста или дебела, избраздена, уморна, болна, распеана, на мајка ти голема, на мајка ти која ти е потпoра, утеха, мелем, сигурност, заштита и среќа. На мајка ти која ти е другар. На мајка ти со која повремено не се согласуваш. На мајка ти која ќе биде многу причини за тоа што си, за тоа што не си и за тоа што ќе постанеш. И на мајка ти која веќе ја нема.

Труба пријател

Шо праиме сега ако статусот не ви е баш-баш дефиниран? Пошто денес е во мода да не се дефинираш. Да не се изразиш премногу категорично. Да си стоиш во некоја фаза на статус кво. Ем си, ем не си. Ем си слободен, ем не си дотолку. Да си се курваш на неколку столчиња. Го имаме зборот - труба пријател.

Не се сите за сè

Тоа што си гурман, не прави од тебе автоматски добар кувар.

Во Рим Римјанин

Кај и да си, на Велигден во Рим да си.

Моите нови цицки

Супер е што денес може човек да си ги поправи мааните. Мали ти се, ти паднале, не се осеќаш убаво во сопствената кожа, не се осеќаш привлечна, не се осеќаш доволно секси, се осеќаш стара и ги гледаш попреку сите девојчиња или девојки убави и здрави како пупунци, нема гајле. Плаќаш, исто како за нов пар чевли и си имаш две големи прекрасни топчести и тврди-цицки. Ај у пичку матер сите.

Професионална (р)еволуција

Доста се жалиш дека не можеш да најдеш работа. Доста ти е криво сè живо и диво околу тебе. Засукај ги ракавите и мисли. И ако ништо не можеш да смислиш, пак мисли. Ако не можеш на најдеш работа, можеш да си ја измислиш сам/a.

Eспресо лов

Прво, затоа што не е ич клише јас од Италија да ви пишувам за кафе. Второ, затоа што кафето е светско уживање и не познава расни, национални, партиски, полови и верски разлики. Скоро љубов. Трето, добре ве најдов драга публико. Ако немате кафе при раце, подгответе го за случајно да не ви се припие.

Морален дуел

Ова е вистинско невреме да продаваме морални деветини, ама денес сум нешто осетлива и имам морално чувство на одговорност кон читателите кои ги интересира мода да ја чепнам и нејзината грда страна - колку тигри остануваат без дом, колку таа придонесува за глобалното загадување на водата и колку заради неа Амазонија нема шума?

Среќен роденден офф.нет

Честитка: Ајде Трендо, за многу години, сè најубаво и...

И нема да ти посакам оффнет голем да расне, пошто и вака си е таман. А таман е ретка категорија.

Струмица, Виница, Фиренца

Вадам пет денари. И така во рок од дваесет секунди допрев милион стории, стотици луѓе, илјадници настани и отидов во Виница преку Валандово, од Струмица до Охрид и се вратив назад, во Фиренца.

Понеделнички, јуначки

И на цел понеделнички шпринт, кој обично е еднаков на минус два, сабајлето се будиш и заедно со маглата и долгите редици на црвено, ти си мислиш дека денес треба да ја започнеш и диетата која си ја одложувала веќе сто понеделници. Во тие случаи е оправдано да кажеш: "Ебати животот".

Валентино ал италиана

Колумнава завршува со вовед. Ама мене за вакви работи не ме бива.  Денов ќе ви го зачинам на италијански начин, а вие славете како ви одговара. Трифун или Валентин. Или ич не славете. Kaко сакате.