Морален дуел

Ова е вистинско невреме да продаваме морални деветини, ама денес сум нешто осетлива и имам морално чувство на одговорност кон читателите кои ги интересира мода да ја чепнам и нејзината грда страна - колку тигри остануваат без дом, колку таа придонесува за глобалното загадување на водата и колку заради неа Амазонија нема шума?

За време на модната недела, Милано беше преплавена со кампањата на ГринПис "The fashion duel". За оваа цел е подготвен прашалник кој им бил доставен на петнаесетина италијански и француски масонс меѓу кои Шанел, Прада, Ермес, Долче Габана. Прашалникот е заинтересиран за три клучни точки:

- дали кожата која ја купуваат модните колоси потекнува од стоката одгледувана во опустошената Амазонија? (80% од бразилскиот извоз се состои од говедско месо, па за да се овозможи простор за пасење, во Амазонија секојдневно се палат огромни шумски територии)

- дали хартијата која ја купуваат е произведена во погони како оние на Суматра кои го ставаат во опасност преживувањето на тамошните тигри?

- дали во производните погони се присутни штетни хемиски состојки кои ја загадуваат водата на глобално ниво?

Се чини дека од сите модни илуминари, Валентино е најзелен: забележано е отсуство на отровни хемиски состојки во производните погони и е највнимателен кога се работи за купувањето на хартија. Прада, Долче Габана, Трусарди, Алберта Ферети и некои други одбиле да одговорат на прашалникот. Мотивите е подобро да не ги замислуваме. Идејата на ГринПис за оваа кампања е да ја исчисти модата од вакви гнасотии  и да ја помогне да стане пo-екoкомпатибилна.

Првата иницијатива која ја предложи Гринпис беше "Детокс" на која и се приклучија триесетина светски брендови меѓу кои и Леви'с која извади нoвa деним колекција Waste Lesѕ за чие што раѓање се употребени 3,5 милиони пластични шишиња.

Ако се погодите наваму натаму, после 21 март во Ејџ енд Ем ќе излезе и колекцијата Conscious која е произведена од био материјали, органски памук, тенсел и рециклиран полиестер. Меѓу другото можете и да ги однесете и вашате винтиџ партали. За секоја кеса алишта следи ваучер од пет евра за секоја сметка од минимум четириесет евра.

Штрајк: Јас мислам дека кога стимулот е вака скржав (кеса алишта си е кеса алишта, може секогаш да оди на некои попаметни места) подобро да ти дадат некој брош дека си учествувал во зелена иницијатива или ич ништо нека не ти даваат наместо да ти дадат пет евра и да бараат да им потрошиш минимум четириесет. Пошто сум алергична на вакви минимум уцени, да си го кажам моето. Крај на штрајк. (За мајките кои ќе ја ѕирнат Коншс на Ејџ енд Ем, препорака да ја ѕирнете ја и био линијата за деца, мене многу ми се најде.)

Малку многу е тешко да се збори за одговорност, морал, етика, еко френдли или енимал френдли кога е модата во прашање, но благодарение на поразвиеното чувство на одговорност кон природата, големиот пораст на организациите за заштита на животни, кампањи против злоупотребата на работната рака на екстремниот исток, голем број на модни куќи се ориентираат грин. Идејата е да се култивира естетиката со употреба на еко материјали, со совесна потрошувачка на енергија која го почитува амбиентот и ги задржува правата на работниците.

Еко модата со себе носи три концепти:

Био - го почитува амбиентот и здравјето;

Подршка- ги почитува правата на сите оние кои работат на создавање на предмети или облека и налага трезвесност при употерба на материјали;

Додадена вредност на овие предмети е употребата на материјали кои можат да се рециклираат, природни или био материјали, а главната карактеристика е што често се рачно изработени, ин локо, почитувајќи ги традициите на изворното создавање на истите. Производите треба да бидат есенцијални, со едноставен дизајн, "да ти траат", и да имаат  минимална амбалажа;

И рециклирањето е пријателски гест: благодарение на поединечното собирање на отпадоците, денес може да се направат луксузни фустани. Доволни се неколку шишиња од литар ипол и мал процент на волна за да се добијат топлинки, покривки или меки џемперчиња. Голем број модни куќи го стимулираат рециклирањето, како Ејџ енд Ем погоре. Слична иницијатива покрена и Интимисими пред некоја година. Даваш стар прслук (кој тие го рециклираат) и ти даваат три евра бонус кои можеш да ги употребиш за нов прслук.

Отстапка: Нема благе везе со фустани, ама ми се бендиса па ќе ви го кажам, посебно зашто сум сигурна дека со оваа информација полесно ќе спиете: доволно се петстотини лименки од алуминиум за да се направи нов точак.

Ако сте во некој филантропски муд, ако пролетното сонце ви ги гали добрите страни, еве начин како да придонесете малку за голема кауза. Купете маица oд органски памук, наочари од био пластика, платнена ташна мејд ин Африка или вотевр. Делете го ѓубрето, а и луѓето богами по нивната вистинска природа и не ги фрлајте старите партали. Никад не се знае.

Или купете конец, домашен по можност и кажете и на баба ви да ве научи да плетете. Сплетете си нешто ново. Јас се спремам секое лето, еднаш дури  купив и  конец, ама лето ко лето, се наоѓаат секогаш поактивни ствари за правење од плетење.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

 

10 март 2013 - 17:34