Ќе продолжам со изјави од истиот автор.
Уживам да чекам конобар сто саата.
Убаво е чувството кога ти се бутаат преку ред.
Она неповторливо блаженство на прединфарктна состојба кога ќе стигнеш на ред и ќе ти залепат ПАУЗА.
Обожавам кога сакам да поминам на пешачки, тргам, а коли ме вадат од памет.
Обожавам кога пешаци парадираат како ослободители, а јас вријам у кола.
И колата нема клима.
Најубавото кафе е кога е долго очекувано и со кисело-горчлив вкус од неисчистен кафемат.
Освежувачки е да шеташ на три недели незапрен дожд и да те испрска кола што влага у вир.
300 денари пијачка! Јес!
„Во моментов, нашите оператори се зафатени. Ве молиме почекајте". Јес!!!
Се видов прееска со Дејвид Линч, све го разбрав што кажа.
Да, г-ѓо што не ве познавам. Се согласувам дека работава што ќе ви ја завршам е пичкин дим и нема смисла да ми плаќате толку.
А, баш сакав цел ден да работам на тоа.
Го видов Фуфо у град.
Многу фино се осеќам кога учам.
Во петок имам испит. Едвај чекам!!!
Нема боље од каснење.
Нема боље од флека на бело.
Леле, не знаеш колку е згоден. Има од оние фраерскине пуштени нокти на малиот прст.
Еј, не знаеш колку е згодна девојка му. Со бркови, со природни веѓи, све.
Слободно дерете се и смејте се гласно да го надвикате цел кафич.
Се разбира дека е во ред да збориш на тежок и комплициран дијалект во државна институција.
Најбоље е кога нема ни да те удостојат со одговор на маил.
Уживам во тупаџиски текстови на интернет.
***
Супер ми е кога ми каснат луѓе на кафе. Успевам да си завршам некои обврски додека сум сама. На пример да напишам колумна.
- Јас
Останете инспирирани.