Среќен роденмесец

И Џејмс Бонд не сака цицлести

Цицки, нецицки, цицки, нецицки, цицки, нецицки. Нецицки. Жална вест за оние кои носат градници над тројка. Аут сте. Барем според Џејмс Бонд.

За пеесетгодишниот роденден на Бонд цел месец одат неговите филмови 24 часа на ден па неизбежно месецов се издрогирав со сите 007 што ги немам изгледано. А тоа беа да речеме повеќето. За модно да ѝ се придружам на прославата, да си ги израдувам сите женски читателки кои како мене, без гради, понекогаш си приплакуваат пред огледало, да ги потсетам моите машки читатели на некои од некогашните топ Бонд девојки, еве го мојот скромен придонес. Ќе забележите колку е долниот веш на 007-девојките актуелен и денес и ќе се уверите во она што го тврдам, дека големите гради не се во мода, според Бонд.

Maл рифреш на меморијата од шеесетите до денес.

Се започнува со неа. Урсула Андрес во Dr.No, 1962. И покрај тоа што се поминати педесет години, останува една од најжешките бондови девојки на сите времиња. Белото бикини кое го носи во култната сцена во филмот е продадено на аукција во 2001. за 59.775 долари. 

Онор Блекмен, во Goldfinger 1964. Позната за два рекорди "најстара". Еднинствена девојка која е постара од Бонд и најстарата на сите времиња (има 38 години кога ја добива улогата). И тука, остануваме со мали прслуци.

Клодин Одер 1965 Thunderball. После филмот, развива скромна кариера во Европа и незабележителна во Холивуд. 

Мие Хама, 1967 You only live twice. До сега не се порекнав. 

1969, Дијана Риг во Оn her Majesty's Secret Service. Како и најголем број од овие девојки, врвот на кариерата го доживува со 007. Не најдов бикини фотка, ама ова е доволен доказ.

Џил Сеинт Џон во Diamondѕ are forever, 1971. Шон Конери е солено платен за да го одигра за последен пат тајниот агент и иако филмот доживува голем успех, критикуван е поради баналниот американски хумор. Да не бегам од тема. Под прашање гради...ммхм. На сите ни се случува по некој исклучок од вкусот.

Џејн Сејмур во Live and let Die, 1973. Критиката лошо го прифаќа првиот филм на Роџер Мур, но не и новата Бонд девојка

Во тотален ритам на седумдесетите, Мод Адамс во The man with the golden gun, 1974. Улогата ја добива само откако продуцентот ја фаќа во бикини. И продуцентот ги сакал мали изгледа. А ако сакате да ви отворам уште една од моите џаболебарски тези, гуглајте ја Мод и ѕирнете неодамнешни слики. Скандинавките дефинитивно стануваат пачи на постари години.

Карол Букет, For your eyes only, 1981. Модел на Шанел во одумдесетите и во раните деведесети. За мене во моментов воопшто неважно. (Горда што муабетот ми држи вода.)

Изабела Скорупко во Goldeneye, 1995 прва покрај Пирс Броснан. Ова е да речеме мал  големограден исклучок. ☺

Денис Ричардс во The world id not enough 1999. Фитнес бум, ви текнува кога светот почна да се фура дека жените треба да имаат мускули на раце, па стомачни, па грбни, па не знам си какви. Еве го и тука резултатот. Атлетска бонд девојка, без многу гради. Јес.

Хели Бери во Die another day 2002 римејк на првиот 007, Dr. No. Не знам зошто, ама Хели Бери не ми буди ништо. Ни добро, ни лошо. Затоа не ми доаѓа ништо да ви кажам.

Eва Грин во Casino Royal, 2006. Со тешко срце признавам дека ми е омилена. И уште потешко го признавам очигледното - не е баш толку без гради.

Олга Куриленко, Quantum of sollace 2008. Модел за Кавали, Кензо, Рубинштајн, Викторија Сикрет, Куриленко во приватниот живот се разбира од разводи и кратки бракови и има филантропски поглед на свет и посебно со бави со деца на социјални случаи во родната Украина. (Многу слатко, признајте!)

Не е лесно да се биде бондовка.

Треба да изгледа добро, да има муда ама сепак да е малку беспомошна и нормално да кани на секс. Тоа е цела филозофија. Тоа дека се прилично рамни, го додавам јас, ама можно е и во следните години да направат пресврт и во тој случај ќе можам да си го повлечам текстов. 

Дал ги имате ил ги немате крајот е ист: ако имате многу големи гради многу ви е гајле, сигурно си имате многу обожаватели. Голема работа што на Бонд не му се свиѓаат, и онака е измислен.

Ние кои не успеваме да ги наполниме градниците, немаме многу за мислење. Можеме само да си приплакуваме од време на време. А тоа што на Бонд му се по ќеиф, голема работа. И онака е измислен.

Емили

emabela@yahoo.com

Ако успеав да ве ставам на офф за некоја минута, се радувам.  Денес тоа ми беше целта.

 

15 октомври 2012 - 17:35