Десетта година по ред паѓа продажбата на омекнувачите за облека, а Проктер и Гембл соопштија дека кај нив оваа ставка забележала пад од 26 проценти.
Врз основа на нивните сознанија, дел од причините е што на младите генерации не им е најјасно за што служат омекнувачите, особено затоа што денес и машините за перење и детергентите се значајно унапредени од времето кога настанаа омекнувачите, некаде во 60-тите години на минатиот век. Со други зборови, алиштата и без омекнувач се сосема пријатни за носење.
Можеби милениумците се и повнимателни во поглед на заштитата на околината, па избегнуваат омекнувачи поради хемикалиите што ги содржат.
Но слична е состојбата и со житарките, кои исто така слабо поминуваат кај младите. Дел од популарноста на чинија полна со житарки со млеко или јогурт се должеше на фактот дека тоа е еден од наједноставните решенија за појадок. Но за денешните млади и тоа е некако напорно, пишавме во статијата „Младите се премногу мрзливи да јадат житарки“.
Ова не е некое генерациско неразбирање бидејќи и самите млади немаат високо мислење за себе. 53 проценти од младите сметаат дека нивната генерација е саможива, 49% рекле дека се промашени, а 43% ја оценуваат генерацијата како алчна.
Проктер и Гембл сега се обидуваат да ги ребрендираат омекнувачите и по асоцијација да ги приближат со омекнувачите за коса, со кои младите немаат проблем.