Вести од 21 век: На УКИМ дојде струја
18 ноември 2026
- Струјата повторно е вклучена во четирите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во зградата на Ректоратот, откако е постигнат договор преостанатите неплатени сметки да бидат подмирени.
- Било договорено УКИМ да ги плати заостанатите сметки најдоцна до петок. Доколку рокот не биде испочитуван, повторно се отвора можноста за исклучување на објектите.
- Утринава без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Причината биле неподмирени обврски кон снабдувачот со електрична енергија, кои, според информациите на „Плусинфо“, достигнале околу половина милион евра.
- Дополнителен показател за обемот на проблемот се обврските на јавните и државните институции кон ЕСМ, кои, според податоците на компанијата, надминуваат 24 милиони евра.