САД отвори обвинение за Ирецот кој со секира уништи „Херкулес“
18 ноември 2026
- Суд во Њујорк отвори обвинение против Ирецот кој во април годинава уништил американски воен транспортер во Ирска во знак на протест против војната во Газа.
- Даити О’Кораин во април годинава влегол во авион „Ц-130 Херкулес“ на писта во базата Шенон во округот Клер и со секира ги искршил сите инструменти во пилотската кабина, пресекол кабли и хидраулични водови.
- О’Кораин бил уапсен во Ирска и наводно бил пуштен на слобода со кауција. Ако биде екстрадиран во САД за да му се суди, ќе се соочи со казна од 10 години затвор.
- „Нанесената штета го онеспособи авионот, кој вреди приближно 60 милиони долари“, заклучи поротата во Њујорк.