Во последните 15 години продажбата на популарните житарки опаднала за 30 проценти. Ваквиот тренд е од генерациска природа бидејќи мадите сè повеќе се вртат кон смутија и протеински грицки.
Едно истражување меѓу миленијалците покажало дека за дури 40 проценти млади, житарките не се најзгодни за конзумирање заради бербатот и токму тоа откритие дека "чинијата не се чисти сама" ги одвраќа од ваков оброк.
Се работи за промени во генерациите и начинот на кој денешните родители ги одгледуваат своите деца, пишува Вашингтон пост наведувајќи студија од 2014-та според која само 28 проценти од родителите ги тераат своите деца да помагаат дома и да имаат какви било обврски околу домот.
Производителите на житарки надеж за пополнување на дупката во продажбата гледаат во ексцентричните прехрамбени преференци на младите па во последно време се нудат разни коммбинации на житарки со киноа и други модерни и здрави додатоци.